муабет м.
муабети несв.

муабет (м.)

Со денови се носеа низ ресенските дуќани, куќи и фурни вакви и слични муабети.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Нели правевме муабет и менаџерот рече дека му требаат девојки за таму.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
За сеирот којшто ќе ти го фаќаат и да не праиме муабет.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Додека го анализиравме проблемот на беспарицата и излезот од бедотијата налета еден познаник кој седна до нас и ме стаписа со муабетот за женската фонтана.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Ленче си го имаше муабетот со јатрвата оставајќи ги прво децата да се видат, па подоцна се упати накај внучето, додека мажите сите се вдадоа во бурни разговори на политички и економски теми.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Веќе почнуваше да ми надоаѓа мачнина од муабетот, но се оправда кога кажа дека фатил заушки кога бил во Скопје, на што се направив дека му верувам, зошто имаше доказ дека навистина тој период владееше таква епидемија, тоа го имав слушнато од вестите.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
За Татко и двајцата блиски пријатели, покерот, и покрај сѐ што можеше да се случи, си беше само игра, но многу важен беше муабетот во текот на играта.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Еднаш начу таков муабет во ходникот и толку се вознемири што беше безобразен со професорот по физика, свежо-оженетото прчле со голема брада, кое доаѓаше за време на одморот за да дискутираат за секции, задачи и часови, а патем и да си ги јадат заедно сендвичите со марула или туна.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Упаднав утрово во сред муабет на две баби во автобусот бр. 5, на добро разработена тема, и со внимание ја проследив сета дискусија која се разви на половина автобус, на горната платформа и сите здушно учествуваа во правењето на сармата, од тоа дали е поубава од лански лист чуван во сол и вода или е подобар свежо набран од „еколошки“ двор во Карпош кај баба Нада, која лозниците никако не ги прска дури не накалапи 30 пакетчиња.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Не ја одминавме во муабетот и млечната криза (тогаш мене ми пролета низ глава прашањето од што ќе се прават млечни чоколада ако кризата потрае подолго и баш тогаш ти се откри на левото рамо прерамката, боја чоколадна), скршивме и по некој лаф за здравјето и доброто расположение на нашите заеднички пријатели.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Често муабетев со газдарицата на куќата.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Целиот разговор наликуваше на посета на стар и заборавен роднина, полн со непријатни паузи, и прашања, и тоа од оние колку да се врти некој муабет, во најголем дел поврзани со нивните другари од гимназискиот клас.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Секој седнат на своето место во дневната соба, гледавме телевизија или разговаравме. Обично беа тоа интересни муабети.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ако не се може поинаку, вели, ако е преголема ихтиза, човекот ќе бара некого од спротивниот табор со кого има горе-долу муабет, и ќе го моли тој да оди во дуќанот да му купи, но овој самиот никако не оди.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Некогаш бев млада и многу поубава, претпоставувам, ама никогаш толку посакувана дружба за муабет како сега.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И ме разоткри, а кога притрчаа и другите две девојки за да побараат дозвола за сладолед, на овие од „пекарата“ им преседна муабетот, а беа и посрамени затоа што го препознаа јазикот на кој разговарав со децата и им беше јасно дека Германката - јас, сè ги разбрала, и дека оној најдобриот меѓу нив во одредени активности залудно си се проектирал некаде таму далеку со неа во Дизелдорф.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Девојката, која едно пладне сосема случајно заталка во муабетот на четворицата стари другари, пред да папса од здодевнст, мигум осозна зошто на времето Фелини снимал такви филмови.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Овој не слуша што му зборам. Си прави друг муабет.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Додуша, по нешто и контам зашто знам дека муабетот и не му е којзнае колку содржаен, па сигурно ме кани да јадам и да спијам со него.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Со себап сме се собрале, убав ни е муабетов, сакаш да ни го расипеш? Гледај си го ќефот тука!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Повеќе