надгласува (несв.)
Тој рупка сливи во браздата, а магарето рупка трње на меѓата. Се надгласуваат, со проштение.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Небо, отвори се. Ме надгласува тоа бело морничаво довикување на молњите.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Сепак, нејзините рачиња како тапанарски стапчиња зафукаа по снагата на Вангела и она тупа туп тупа туп тупа туп го надгласуваше само нејзиниот писклив глас Абре магаре непрокопсано, нели синоќа легна од оваа страна?
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
И кога човек се оддалечува, а тишината на камењето на историјата неуспешно ја надгласуваат упорните водичи, патот го води кон големите европски градови, каде што се пресилни гласовите на минатото, повиците на револуциите, дефилето на вековите...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Само бучењето на овие води ја надгласуваше тишината во прекрасниот пејзаж.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Потоа стигна и гласот на Дине Бочаровски што ги надгласуваше сите други гласови Ајде, влегувајте сега!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)