надомести св.
надомест м.

надомести (св.)

Колку загубено време можеше да се надомести во откривањето на вистинските зборови кои можеби и го содржеа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа како да го надоместуваше со гласовите од радиото.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Со ранец и со извалкани патики (единствено како и сега, и тогаш долго чекавме за виза пред конзулатот на јужниот сосед, што потоа се надоместуваше со едномесечни уживанции по грчките острови).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Останав со Луција; таа ме бакнуваше страсно во устата, како да сакаше нешто да ми надомести; мене ми се гадеше и ми се блуеше; ми зборуваше дека тоа со народниот дух е сериозно, и дека сум требал да признам, но не сѐ и не одеднаш; дека сум требал да признам нежно, а не со гордост; не ја слушав, оти свеста ми беше на работ; ја прашав дали забележува дека боите воопшто не се обоени, и дека мирисите воопшто не се миризливи; попусто се обидував да го насетам мирисот на цимет во нејзината коса, оти веќе го немаше; бев сосема прилепен до нејзините гради, и ги чувствував на моите, но тие беа како брадавици на некаква мермерна Венера; всушност, чувствував дека светот е страшно изморен, и дека сите тие бои, мириси и допири се веќе стари, дека им треба обнова.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се разбира, при надоместувањето на настанатата штета учествуваат сите тави случајно присутни во неговата фурна.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Судот го зеде тоа предвид, ја уважи жалбата на Китан и го задолжи Танаила да му ја надомести штетата на Китан што ја процени вештото лице.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Лежејќи во водата, Кала ќе ослабеше некое кило но со јадење брзо го надоместуваше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Работното време кое ги надминува законски утврдените 40 работни часа во една работна недела се засметува и надоместува во пократко работно време во други работни денови или преку слободни работни денови за времетраењето на договорот за вработување, а прераспределените работни часови не се сметаат како прекувремена работа и за нив не се наплаќа додаток на плата, со што директно се укинува прекувремената работа за оваа категорија работници, како посебен услов за работа кој согласно чл. 106 од ЗРО треба да биде соодветно надоместен.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Тој говор човек го носи во себе како предлитерарна свест - тој го асимилира во детството, - не го учи туку го впива и го вдишува, така што ништо не може да го надомести тој период на создавањето првите свесни впечатоци кои се, едновремено, и суштина на содржината но и феномен од јазичен крактер.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Компјутерски кодираниот мозочен центар за уживање, врз основа на компатибилноста на електромагнетното и електрохемиското, ќе биде исполнет со технолошко генерираните сексуални сензации што ќе ги надоместат реалните.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Почнете да размислувате како може да надоместите за тоа што се случило, како можете да го извлечете најдоброто од тоа и да доживеете сатисфакција од сопствените животни избори.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Така, тужбеното барање на Ѓорѓиевски е усвоено и дефинитивно е одлучено во негова полза, со што: а) се поништи одлуката на генералниот директор на Шеќераната за давање отказ на договорот за вработување на Ѓорѓиевски, поради наводно кршење на работниот ред и дисциплина, како и одлуката на УО на фабриката, со која приговорот на Ѓорѓиевски беше одбиен како неоснован; б) се задолжи Шеќераната да го врати Ѓорѓиевски на работа со сите права од работен однос, на работно место кое одговара на неговата стручна спрема, како и да му ги надомести парничните трошоци од 33.660 МКД (550 ЕУР), сѐ во рок од осум дена од приемот на пресудата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Па си велам: сега имаш мандолина... има време пропуштеното да се надомести.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Дури тогаш ја сфаќа емоционалната јаловост на тоа јуначко дело – неговата неможност да го надомести загубениот Патрокло и да му го ублажи чувството на одговорност за смртта на најсаканиот другар.302 Според Илијадата, човечката општественост зависи од одржливоста на чисто симболичните трансакции.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сепак болката сама си се надоместуваше.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Уште при тргнувањето возот доцнеше два часа и тоа време не успеа да го надомести. Во Минхен ја изгубивме врската со Келн.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Дрвената граѓа беше скапа, но работната рака беше уште поскапа, и додатните трошоци за дрвената граѓа ќе ги надомести со заштеда за работната рака кога ќе се уредува екстериерот, додатната дрвена граѓа ќе овозможи побрзо да се заковат цементните страничници, а ќе биде поекономично, а освен тоа целата кула ќе биде поцврста.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Да резимираме: инструменталниот однос спрема телото којшто кај Декарт го воспоставува духот-субјект, кај Спиноза е надоместен со еден сосема поинаков став спрема телото, можеме да речеме агностицизам: не знаеме што може телото без соработка со духот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Исто така, тој беше должен да плати и паушал за судски трошоци во износ од 2.500 МКД, како и да му ги надомести процесните трошоци на оштетениот, во висина од 23.400 МКД (385 ЕУР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако синдикатот не даде согласност, согласноста може да се надомести со судска одлука.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Повеќе