несносен прид.

несносен (прид.)

Понесносно од ударите ми беше неговото потсмевање.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Неговото дишење беше шушкаво и несносно.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Но она што навистина го потсети на неа токму во тој момент беше несносната горештина на тоа попладне, од која му изби пот по челото.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Од ѕверската јама на општинскиот писра избиваше несносна пискотница на виолина.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Чкртањето на столот под мене ме обеспокојуваше со својот несносен шум.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Анет Гијомин, читателка, професор по историја Испишувајќи ја со фабулата на Времето на козите својата историја на балканските народи Луан Старова со сеќавањата од детството во Македонија ни испраќа топла порака за меѓусебно разбирање и толеранција која наликува на приказните од Илјада и една ноќ, а сепак шири несносна реа со натопената балканска почва.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се најдовме во малата кафеана во градскиот парк. А беше несносна вруќина.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Ве молам, господине Сивиќ. Дома ситуацијата е несносна. Мајка ми ми плачеше на гради цела ноќ.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)