несопирлив (прид.)
Носејќи ја сета бучава на својата крв в глава, сличен на подвижна карпа над која господари моќ на несопирлива вода, гледал само пред себе и сепак со секој чекор чиниш барал и каменот да му се истави од пат.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Маса народ тргната од некаде за некаде, се движи како несопирлив бран украсен со разнобојни транспаренти што поединци ги носат кренати високо над главите, со знамиња што се веат над нивните глави, со извици што се креваат до небото и со барање на кое мора да се излезе во пресрет.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Веќе беше несопирлив во своето чекорење кон злото.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Но тие не беа веќе оловни војничиња, беа растопено олово, само од себе несопирливо понесено да плави сѐ околу себе.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Татнежот потече низ улицата како несопирлив порој.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Таква беше агонијата на генерацијата која сакаше да го овековечи своето владеење, обземена од несопирливиот макијавелистички синдром.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Се лутеа ли на оваа зима, натоварена со студ и глад, на нејзиното несопирливо чекорење по беспатјето по кое минуваат само дивите ѕверови - мечката, која меко се отфрлува од задните на предните шепи, и волците, кои веќе неколку дена јурат подавајќи ги црните муцки кон младата волчица? Кој би го знаел тоа.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Несопирливоста на тишината капеше врз играчката бесшумна тага. Таа, лилавата тишина.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Кваката со крцкот попушти, касата можеше да се отвори, но тој остана шпиртосан и со склопени очи; знаеше: лицето му беше влажно од несопирливи солзи.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
А мислите парадираат, немаат крај. Несопирливи се, не можам да ги измамам.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)