нобелов (прид.)
Едноставно не можеше да се помири со идејата дека тој е човекот што е предложен за Нобелова награда.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Резигнирано ќе ја одбие Нобеловата награда.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Очигледната способност на Холандовите симулации да ја одразат природата го привлекла интересот на една мала група на економисти, вклучувајќи го Брајан Артур од Универзитетот во Станфорд и нобеловиот лауреат Кенет Ароу кои веруваат дека економиите можат исто така да бидат разгледувани како сложени адаптивни системи.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Дванаесет години по раѓањето на Нобел, пронаоѓачот на динамитот, се раѓа Рендген, првиот добитник на Нобеловата награда; до денес „Х“-зраците не ја откриле тајната на човековата душа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во светската анкета на весникот Кориере дела сера Борхес како кандидат за Нобеловата награда добива повеќе гласови од Солженицин, кој таа година ја добива наградата на шведската академија. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 226
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)