носечки (прид.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Тој го чувствува фактот дека максималната валентност на соответна содржина може да се постигне само и доколку таа содржина се вгради во нејзината природна метричка и акустичка структура, доколку ја зголеми нејзината тензија со ефектите на обртот и непредвидливоста, и дека носечка суштина на јазикот на поезијата е неговата рефлексивност.
        
      
    
    
    
      „Љубопис“
         од Анте Поповски 
        (1980)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          3.
Време, Човек
 
   
 
   Драма, Сатурне:
   Јас станувам носечки лик, противник
   Ти почетна сила, нагон кон целината;
 
   Јас тапкам одовде-донде
   Ти кружиш цикличен, прстенест;
 
   Јас им се подбивам на повторувањата
   Ти повторуваш, ретко но редно
   демонски син-хроничен, цел;
 
   Јас бришам, ишкам епохи, слушаш ли,
   епохи, ех да можам да летнам
   Ти гледаш од високо
   пишуваш и леташ.
        
      
    
    
    
      „Ерато“
         од Катица Ќулавкова 
        (2008)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Дека сигурно знаеле оти војникот што ја донел на коњ во деновите на априлската војна бил отсутен од куќата од под Сина Скала повеќе од година и половина а можеби и нешто повеќе кога почнало да се шепоти оти осаменичката, горе, во планината, не е повеќе сама, туку е носечка.
        
      
    
    
    
      „Синот“
         од Србо Ивановски 
        (2006)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Лаковите на подножјето успешно ги прицврстивме, четирите носечки столба се кренаа речиси исправено, а потоа се споија во еден единствен носечки столб кој стануваше сѐ потенок и потенок.
        
      
    
    
    
      „Црни овци“
         од Катица Ќулавкова 
        (2012)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Имено,  кај нас постојат недозволиви случаи на секоегодишно, па дури  и полугодишно или квартално, менување на носечките закони  кои треба да се „столбови“ на оваа мошне сензитивна егзистенцијална област, и тоа по неколку пати; а, од друга страна, не тече  паралелен процес на редигирање и изготвување на официјални  пречистени законски текстови на законите кои се рогирани [изменети и/или дополнети] и по повеќе од десетина- петнаесет пати!
        
      
    
    
    
      „Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
         од Димитар Апасиев 
        (2011)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Носечката улога понекогаш на исклучително смелите слики, чиишто    граници на полисемија далеку ја надминуваат нивната фунција во „нормалната” проза,    исто така е лирски елемент, додека склоноста кон патетична реторика ја создава    допирната точка со драмата.
        
      
    
    
    
      „МАРГИНА  бр. 36“
        
        (1997)