обнова (ж.)
Објава
повеќе драми се случуваат
во мигот на обраќање
зборовите ги одгледавте
но срцето
неприпитомливо
интимно
тера по свое
граѓани
час е кога мораме
да погледнеме
во мисловните спреги
од нив зависи
тежината на зборот
климата на подрачјето на душата
обновата на смислата
младоста
граѓани
час е да се свртиме
еден спроти друг
со силата на љубовта
во име на огнот
допуштам да се размножува
симболиката
на Дрвото.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Најнакрај разбираме дека и разделбите се за во песна и додека трае обновата и изградбата ќе има и нови траги на минливоста.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Со диплома на градежен инженер се вработив во Дирекцијата за обнова и изградба на Скопје и ја градев Народната и универзитетска библиотека, Архивот на Македонија и Институтот за национална историја, Театарот на народностите, Музејот за современа уметност и комплексот музеи на Македонија и други објекти.... Таков пат поминав...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Резултатот врз зелен круг Според симболичкото толкување, зеленото е човечка боја, зошто ја враќа надежта во обновата.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Останав со Луција; таа ме бакнуваше страсно во устата, како да сакаше нешто да ми надомести; мене ми се гадеше и ми се блуеше; ми зборуваше дека тоа со народниот дух е сериозно, и дека сум требал да признам, но не сѐ и не одеднаш; дека сум требал да признам нежно, а не со гордост; не ја слушав, оти свеста ми беше на работ; ја прашав дали забележува дека боите воопшто не се обоени, и дека мирисите воопшто не се миризливи; попусто се обидував да го насетам мирисот на цимет во нејзината коса, оти веќе го немаше; бев сосема прилепен до нејзините гради, и ги чувствував на моите, но тие беа како брадавици на некаква мермерна Венера; всушност, чувствував дека светот е страшно изморен, и дека сите тие бои, мириси и допири се веќе стари, дека им треба обнова.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Во пресудната 1948 година бродот на длабочина од 23 метри крај риечкото пристаниште ќе биде извлечен од специјализираното претпријатие Бродоспас и ќе го преземе Југословенската воена морнарица за свои потреби, а по реконструкцијата и обновата дел по дел ќе влезе во составот на морнарицата како школски брод Галеб, а подоцна ќе стане еден вид пловечка резиденција на Јосип Броз Тито.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
- Во колипката, Мајката го осознава последниот таен чин на бесконечната обнова на величествената прокоба на змискиот праотец, звездениот двигател, кој низ постојана жртва ги совладува демоните на минливоста.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Тоа можев и да го очекувам, речиси и не можеше да се замисли обновата на некогашната покана на претседателот Бен Али која ми беше упатена во друго време и во други околности.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
До крајот на животот, во балканскиот неред и хаос, во војните, омразата, веруваше дека до обнова на светот ќе дојде само преку вистинските книги.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тоа е еден атавизам што во современа Германија доби нова ирационална идеолошка обнова.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
25
но ти не се враќаш
само јас се играм
и во занес, и во очај
зашто ништо нема моќ
нема такво време
ни таков живот
обнова нема
близина блага ни блаженство
зашто далеку одовде
ги нема милите предмети
нема реки ни планини
нема езера ни миризби
и кајшто ги има
зашто сѐ е црвен кантарион
отсега па натаму
лековита но горчлива
пресеклива трева, жива лава
и сѐ е грешка
и нема помирување
и другото е друго, трето
и сѐ се брои
а ти си единствена, неделлива
грутка, Младост
и мака и мак, и зрнце царевка
царска приказна
полна пресврти и препознавања
делби и разделби
неразрешливи заплети
- и душата ти е водена низ мрак
од незнаење кон знаење,
трагично, Аристотеле –
зашто некој ја негува
уметноста на фугата
бегството, селидбата!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
- Пред да ја обземе нагонот на патувањето, - продолжи Игор Лозински, - на патот кон обновата и смртта, јагулата има светло сребреникава боја, а во мигот на тргнувањето грбот ѝ станува темно зеленикав, речиси маслинест, за на крајот да стане црн, но сјаен, а од страните на мевот ја задржува светло сребренестата боја.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Доселениците од Македонија во Венеција не ги читаат босанските поети кои пишуваат за потонувањето на градот – чуму да се чита потонувањето, велат, кога ние секиден го живееме тоа, чудо големо, градот потонува, ама ние секогаш сме над вода, мешаме малтер за обнова на старите палати, во малтерот, напати, за курбан, мешаме и по некој спомен од детството, а каде што треба, во обновените ѕидови на операта Феличе, на пример, заѕидуваме и по некоја нашинска песна, да се најде ако затреба, а каква што е непредвидлива иднината, секако и ќе затреба.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Лондонската банка за обнова и развој правеше испитување на тој проблем.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Предлогот за повторување т.е обнова на постапката се поднесува секогаш до судот што ја донел одлуката во прв степен.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Луѓето често имаат потреба да говорат срамни работи; таа генитално-анална симболика е редовен состав на секоја карневалска атмосфера, на секој обред сврзан со култовите на плодноста, обновата и животот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
По обновата во длабините на морето,новата генерација јагуличиња го продолжуваше, сега обратниот пат до слатките води на Езерото.
„Граница“
од Луан Старова
Трупот беше добро хранет и тоа не со јазикот на „обновата и изградбата“, туку со регресија и разградба, со едно паролашко поимање на литературната идеја и новинарскиот однос спрема финесите на литературната стилистика и методика.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Hannukah обнова или повторна препосветување; осумдневен празник посветен на победата на јудаизмот и изгонот на хеленистичкото паганство од ерусалимскиот храм; победа на Јуда Макавеецот врз Антиох Епифан со повторната посвета на храмот и олтарот кон едиствениот Бог на Израилот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
И неговата Игра добиваше нешто детски наивно, чедно, она што критичарите подоцна го означија како „обнова“, како „светла искра на надежта“, но што тогаш беше разгласено за старечка инфантилност.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)