обожува несв.
обожувач м.

обожува (несв.)

Понекогаш ми се смачува кога ќе видам мешавина од страв и обожување на лицето на народот, толку бесрамен јавен копнеж на стадото за водач, но ако замижам на двете очи, и тоа некако ќе го преживеам.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во тие моменти неговата потајна одбивност спрема Големиот Брат се претвораше во обожување и Големиот Брат изгледаше како да се извишува, непобедлив, бестрашен заштитник, исправен како карпа спроти ордите од Азија, а Голдштајн наспроти неговата изолираност, беспомошност и наспроти сомнежот што висеше и во врска со самото негово постоење, наликуваше на опасен вештер, способен со самата сила на својот глас да ја разори структурата на цивилизацијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Обожувам да си ја уништувам среќата.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Обожувам кога некој сака да ми ги замачка очите со својата лажна самодоверба.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Напротив, ја обожуваа Партијата и сѐ што беше во врска со неа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во тој пасос бев рекла дека таквата десакрализација знае да настапи непредвидливо и молскавично и дека на следбениците на водачот дотогаш издигнат до степен на Божество, наеднаш ќе им потемни светлината на неговиот ореол и тие ќе останат бесни на себе што до вчера го обожувале.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Повторно со твоите игри! – го гали, додека помалото внуче му забива клинец во ногата – те обожувам поради внуче му тактира со ударите на чеканот.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Тој би бил во состојба да изваја глава, најубава што е можно, за таа глава да го обожува, а потоа, ако затреба, да ја стави под нож.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Несакав да разберам ни да простам за сите грешки, а те обожував и те сакав повеќе од било кој друг.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
„Во еден век кој ги обожува идолите на крвта, земјата и страста, тој секогаш повеќе ги сакаше луцидните задоволства на мислата и тајните авантури на редот.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тој веруваше во принципите на Ангсоц, го обожуваше Големиот Брат, им се радуваше на победите, ги мразеше еретиците, не само искрено, туку и со еден вид неспокоен фанатизам, една исклучителна информираност, на која обичните членови на Партијата не ѝ беа ни близу.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Газеше по нараснатата бара и во клобуците во кои умираа капките на дождот пушташе кораби од хартија; а неговата чета, глутница, дечишта, одеше по него и го обожуваше.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Повторно го имав тоа чудно чувство дека зборува слично на оние “замаглени” книги што брат ми ги обожува и кога ќе го прашам да ми објасни што се раскажува во нив, оти слабо разбирам, тој ми вели: - Што глупаво девојче си бе, Брезо, немаш шанса!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Јас ја обожувам баш лушпата. Кога ќе ја лизнам со јазикот ми се суши плунката и се наежувам.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Обожувам мистерии. Ми претставуваат најголем предизвик.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Спиев со Ина, се парев со неа, ја обожував; по три месеца изведување на точката со скалата, веќе вежбав на трапез и станав третиот во точката на Ина и Светлана; ги прошетав сите европски градови; читав многу и се дружев со вистински луѓе, носев вистинска облека и пиев вистински вина; потем раскинав со Ина и своите потреби ги задоволував со многу жени од надвор; но со Ина останав сврзан со папочна врска и натаму, и вообичаено, спиев во нејзината приколка. Таа ми беше спасител; сѐ на овој свет.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се сетив на онаа потреба на Бога, како што бев читал еден божем полушеговит текст, да го создаде светот од себични причини, од потребата да биде обожуван и од потребата да има некого в рака.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Стануваше збор за Изнесување. Преведено на световен јазик, тоа означува сеќавање на покојникот заради негово обожување.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Таа стварност заслужува да биде признаена, но не и да се обожува како таква.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Го обожувал Гете и неговото дело, затоа и посакал да се сретне со него.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Повеќе