овоземен (прид.)
Во своите нови молитви, духовникот се заблагодаруваше за неповторениот божји дар, од името на сите спасени, завршувајќи ги молитвата со зборовите: „Твојот слуга Хрисостом од длабочината на душата Ти благодари што Го почести да го почувствува слаткиот вкус на победата на Доблеста над секоја овоземна припадност”. Во свеченостите на островот, владиката и градоначалникот учествуваа години потоа.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
- Патот за Лесново, го знаеш ли? прашала игуменијата, и веќе не можела да го стивне во себе преданието за овоземниот призрак, речиси му се предала неподвижна, сѐ уште исцибрена но без воздишка.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Егоцентрична река.
Упатена накај белото море
па она друго и друго
сѐ додека не се нурне
во овоземниот облик
на бескрајот
- океанот.
Реката е предолго загледана
во својот крај - уточиштето
премногу втренчена во
преобразбата.
Реката така чека и
го дебне мигот
на својата смрт
- слевањето
во другиот.
Од идентитетот ѝ останува
само морската
струја.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Божји избраници и заштитени со неговиот знак, или можеби, овоземни суштества, лукави политичари храбри мажи, кои, приклонувајќи се кон различните завојувачи и борејќи се прикриено против сите нив успеале да си ја дочуваат својата наслеба и својата самобитност?
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Притоа да оставиме трага на овоземните суштества, така и тие полесно да научат да се воздигнат и да не подлегнат на искушенијата кои се во изобилие.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Живеејќи некаде во меѓупростор, меѓувреме Во вечен злостор, во под тешко бреме Незабележан, ситен, дребен Дал во орда, дал во племе Во пејсаж не овоземен...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Тој го виде наконтениот овоземен светец како да стои над страницата на албум од една непозната иднина во која сите што ги познава се поинакви, туѓи и одбивни. Не сфати јасно; сонцето повремено му удираше в очи од напукнатото огледалце.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Престанувајќи да очекува што и да е од задгробниот живот и сосредоточувајќи ги сите ослободени сили на овоземниот живот, човекот веројатно ќе постигне животот на сите да им биде поднослив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)