оградува (несв.)
Секој проматар, како што од нив бараше Брчалото, мораше својата пластична простирка да ја постели на горната страна крај плетот што ја оградуваше нивата на Митрета Маторицата, така што проматарите да не бидат распласнати кој каде ќе стигне, туку да бидат во еден ред како под конец.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
А тој зеде да се оградува. Ѕидаше од отворената страна кон ридот.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Но откако зафати војната, на луѓето умот сѐ повеќе им се сврти кон гробиштата; започнаа да ги оградуваат, да ги чистат гробовите од трње, пиреј, капини, глог, змиорики, повит; зафатија да се натпреваруваат луѓето кој подобро и полично ќе го уреди гробот на својот предок, на своите блиски и роднини; започнаа надгробни споменици од најличен камен и мермер да се прават.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Додека други го живеат животот Јас го теоретизирам Го оградувам Го тероризирам Се препнувам од него Го канонизирам Го филтрирам и проучувам Го анализирам А потоа нестигнувајќи никаде До никакво откритие и заклучок Го синтетизирам За да можат утре Моите деца Да го почнат овој процес одново Кутрите тие! 2007
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Оти почнав да се чувствувам како „шејтан“ жена, не помалку интелигентна од Сашо „Фактор Икс“, со помали фасцинантни предвидувачки способности од него, ама со аналитичен дух, кој може да се натпреварува со многумина што веќе имаат пола до час емисија, во која своите ставови ги оградуваат од уредувачката политика на телевизијата.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Просторот, пак, што го оградува Потковицата, иако е замјиштето истородно со она во цела Пелагонија, алувијално, во многу нешто, во однос на конфигурацијата и вегетацијата, е поразличен од сите слични во неа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
По толкуте прочуени води, долови, вирови, извори, бунари и чешми, човек, да си рече дека просторот што го оградуваа Потковицата плива во вода и дека е таа вистински Елдорадо на барски птици.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
- Откога ќе се ожени и оплоди, покрај принципи, концепти и авторитети, доаѓа многу цврстата рамка, родителството, врзувајќи го за своето чедо, го оградува јаремот – родител, речиси до крајот на животот – зборуваше старецот. – Таквиот човек, окован во стеги, не е свој.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Во исто време, забрзано расте бројот на оградени заедници и згради со контролиран влез, или како што истакнува Антонио Негри: „издигнувањето на ѕидовите кои ги оградуваат зоните каде сиромашните не смеат да влегуваат, дефинирањето на просторот на гетата каде очајните на земјата можат да се собираат, дисциплинирањето на линиите на транзит и 57 Gary T. Marx, “Some Conceptual Issues in the Study of Borders and Surveillance,” in Global Surveillance and Policing: Borders, Security, Identity, ed. Elia Zureik and Mark. B. Salter (Cullompton: Willan, 2005), 14. 44 контролата која го чува редот, превентивната анализа и практикување на задржување и прогонување на можните прекинувања на кругот“.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Единствените пукнатини во високите бедеми на дистанца со која Елен Лајбовиц систематски се оградува од сите обиди за какво било вовлекување во Твојата лична или професионална приказна можат да се забележат исклучително во писмата што таа Ти ги испраќа во текот на драматичните летни месеци во 2001, кога во Македонија се води војна.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)