одлучувачки (прид.)
При таа средба Маклин сосема отворено ја истакнал убеденоста дека партизаните по војната “ќе бидат одлучувачки фактор“ во Југославија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Напротив, тоа непосредно нè доведува до темелните проблеми кои одлучувачки го обележуваат општествениот живот и историскиот момент на Хрватска.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Во ова прилично големо претпријатие работеа околу 250 вработени, а самата структура во фирмата беше поставена строго хиерархиски – однапред се знаеше „кој e кој“, а одлучувачкиот фактор беше директорот, којшто истовремено беше и газда на компанијата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Затоа се барало од мисиите да ги известат локалните команданти за „горното и нагласете го крајниот ефект од Ratweek и значењето на целокупното ангажирање во овој одлучувачки момент“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Одлучувачката битка меѓу Помпеј и Цезар се случила во Тесалија кај местото Фарсала во јуни 48 г.пне.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Самиот секако не би можел да ⥊ припишам толку големи и толку одлучувачки потенцијали.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Одлучувачката битка меѓу Атина и нејзините сојузници Теба и некои други градови-држави се одиграла во 338 г.пне. кај Херонеја во која Филип II извојувал победа.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)