одоздола прил.

одоздола (прил.)

Одоздола, влечејќи се по долчињата, настапуваа Германците.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Тие се рапространуваа со векови и одеа одоздола нагоре.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
4. Стрвна спирала Штом премногу претскажуваш стрвна астрална спирало милост имај за трпеливите за лифчињата на душата врз коишто го истураш штедро твоето мастило моровата моќ, индигото од тебе зависи дописот со небесата ритамот и римата, или и ти не можеш ништо кога густината се ретчи комплексите малаксуваат согласјата се упростуваат - само Отецот сам самцат стихува сушноста – сушта суштина суштествено суштествува всушност, меѓу четири ѕида стисната слободата ѕирка, се ѕвери нагоре, а таму (уууууууууууу) сѐ се движи во обратна насока гледано одоздола ааааааааааааааааа: или времето оди наназад или човекот е свртен наопаку опак Закону, злорад Реду приказание, Име имаш ли?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Одозгора потпалувањето обично почнува со спотнат галеж веѓа на веѓа а одоздола, секогаш и без исклучок со нежен скокот на малото прсте на левата нога.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Гледајќи го одоздола нагоре, помирливо му рече дека нема време за губење туку да го стори тоа што и другар му веќе го стори.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Одоздола ни се јавува водата од езерото.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Одоздола имаше неколку уредно наредени книжни пакетчиња.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дури одоздола, од петиците до темето ќе ми помине и јас ќе се приберам кај децата. А којзнае дали вошките не ни ја донесоа таа палена болест. 79
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Затоа кон типичните обележја на историскиот фашизам припаѓа апелот кон фрустрираната средна класа, која страда под економска криза или под чувството на политичко понижување и којашто се плаши од притисоците на социјалните групи одоздола.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Одоздола се слушаше тропање на чизми, во куќата и околу неа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Над нивните глави, на небото често бучеа авионите, одоздола можеше да се почувствува тресењето на земјата од тропотот на возовите и камионите што се движеа по мрежата на железничките линии и автопатиштата, и челичните и цементните краци на индустриските гиганти сè повеќе ги проголтуваа, а само од преживеаните соседни шуми птиците од фармите и другите живи суштества, кои ги исполнуваа бавчите на семејството Адам, беа еден вид природна заштита за да не се скине папочната врпца на човекот со природата и нејзините мистерии.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
А во последно време и со пудра и кармин доаѓа, па и кошулата проѕирна, па градникот ѝ сѐ ѕирка одоздола“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
— Веќе е расипан, велам јас и нов бран на скокот ми иде одоздола.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но ако листот почне да им паѓа одоздола, зимата ќе биде на крајот".
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Салатата беше аранжирана како во ресторан - ситно сечкан кромид одоздола, купче зелени маслинки одозгора и тркалца лимон наоколу - окото да ти се засити пред јазикот да ти протече.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Џипот само свири одоздола.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој се наведнуваше над Винстон. Неговото лице изгледаше огромно поради близината и необично грдо гледано одоздола.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако ја погледнеш одоздола, добиваш претстава дека со раце можеш да ја прегрнеш, но штом во неа ќе влезеш, ти се чини дека си во некоја голема , тркалезна хала.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Уште јавувале дека старецот сѐ уште бил во вагонот залостен од внатрешната страна, дека луѓето го хранеле преку решетката на прозорецот, а одоздола, под дупката на средината на вагонот, ставале тенекиња со вода во кои го собирале поганот од старецот и го фрлале далеку во полето.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ние ја гледаме одоздола, од снегот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе