олтар (м.)

Сѐ почна на свадбата моја, вели, мажот ми го зедоа од венчавка, од пред олтар, вели, после ги зедоа и браќата негови и таткото нивни.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се галиш по целото тело и трансот на душата го обзема олтарот на твојот Бог.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Но најпрвин го засекле своето месо со змиско ноже и ги отпечатиле крвавите палци и показалци врз страниците на старото манастирско Евангелие. И еден по друг паднале пред олтарот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Згора на тоа, мајсторите оставија чудни светларници на источната страна над олтарот и отспротива, на западната: по една тркалезна дупка колку половина лакот широка и од двете страни на дупките едни како запирки што ги има по типосаните книги.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Ослушувајќи ја со некој внатрешен слух болката во здробената рака, се исповедуваше како пред сопствен олтар: кога имав седум години пронајдов дека чевларот од нашата улица не е некој друг туку самиот сотона.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Пред главниот олтар таа вечер се одржуваше мисата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Толку се занесе во таа борба со сатаната, кутриот, што во момент на слабост или на лутина, и тоа среде олтарот го изусти и она што никогаш во друг случај не би го изустил за сметка на оној во кого најдлабоко веруваше, ја раздра по сета должина мантијата и ја фрли од себе а потоа, онака разгаштен, се упати кон надојдената река и повеќе не се врати.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Стотина верници беа собрани пред гробиштата и присуствуваа на мисата за исчезнатите, за живите, во малата капела која послужи како олтар.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Овој излезе напред со сето достоинство на антички жарец, пред олтарот на боговите и ја прифати веќе запалената борина од еден гаваз.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Во олтарот е поставена плоча со неговото име и од пиетет кон овој голем композитор не смее никој да нагазне врз плочата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во црквата беше тивко. Мијале клечеше пред олтарот и со стиснати дланки на ушите го лепеше челото на камениот под.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Не можеше да има поголем олтар на сите жртвувања од самата балканска граница – ѕид која требаше да ја минам.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Бар Олтар и стаклен иконостас од каде севишниот нѐ прска со света вода.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
4. ГОЛЕМ ЗАЛАК ГОЛТНИ, ГОЛЕМА РЕЧ НЕ РЕЧИ - притоа и сит довека и спокоен до гроба ќе си, со таа слобода и пред олтарот на ропството клечи и моли за своето право да бидеш тој што не си...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
„Вистински слуга божи е оној што може да застане на алтарот и да отслужи света литурѓиа“, повторуваше тој за целиот свој живот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Со одењето на олтар и у матично љубовта стануе чиста теологија, а воедно и административна теориска концепција.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Од двете страни на местото по кое се поминува за да се оди кон свеќниците, пред олтарот, имаше по пет, едни како столови, ама не да седнеш туку со држачи да си ги поставиш рацете и со една штичка да си го потпреш задникот кога ќе ти дотекне да стоиш.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
На истото место кај што век и пол подоцна ја соѕидале Αγια Σοφιαζ лежи султанот Бајазит Втори кој загледан во летот на своите соколи подарени од Норвешка копнеел качен на бел коњ, украсен со златни узди и узенгии, да се види себеси како влегува во катедралата Св. Петар и како се упатува право кон олтарот во кој да го одмори својот бел коњ и тука да го напои и назоба...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Тој го баци олтарот, крена раце кон небесните сили, запеа со изменет глас на верник.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Во олтарот зафрлена во ќошот, ’рѓа ја гризе крштелницата и иконите ги јаде црвот...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Повеќе