општоприфатен прид.

општоприфатен (прид.)

Ќе ти дадам толку колку што им припаѓа на девиците, двесте сребрени зузими сребро, што ти припаѓа според прописот на Тора, како и храна, облека, сѐ што е потребно за живот и ќе ги исполнувам брачните должности, сѐ според општоприфатениот договор...’ Јехуда Давидовиќ го чита текстот на нивната кетуба16 составен според стар образец на арамејски јазик.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
11.  Во романистиката е стандардизиран вообичаениот, општоприфатен, начин на цитирање на Дигестите –  постапка која стручно е позната како инскрипција.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На пример: граɡот Чонгчјинг или Чонгчјинг Ши, провинцијата Хубеи или Хубеи Шенг, планината Таи или Таишан. ● Кога топонимот е повеќесложен, се пишува слеано, со голема буква на почетокот, како на пр.: Санлитун, позната улица во Пекинг. в) Отстапки Во македонскиот јазик постојат заемки од кинескиот јазик, кои и покрај несистематската транскрипција, веќе подолго време се дел од јазичната практика.
„Правопис на македонскиот јазик“ од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје (2017)
Во терапијата, објективизирањето на овие вообичаени и општоприфатени практики на моќ значајно учествува во нивната деконструкција.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)