пазарен (прид.)
Постоењето на пазарното стопанство по себе го смекнува концептот за граници и ја укинува нужноста на постоење држава.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Во пазарните утра, кога некој селанец ќе му се обратеше некому со прашање кај може да купи лек за своето болно дете, тој го испраќаше на сосем друга страна, кон оној крај што нема аптеки а отаде друг еснаф го испраќаше кон стариот град што се давеше во штавени кожи и лој.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Сѐ што знае тоа се неговите познајници од маалото, чаршијата и селаните пазарџии кои доаѓаат во пазарните денови.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Тоа е она на што цути таканаречената пазарна економија што за суверен господар ни го наметна неговото величество Профитот...
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Во пазарното стопанство со развиена конкуренција, претпријатијата се приморани што повеќе да ги смалуваат ризиците на работата.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во пазарен ден, ќепенците на берберницата на Ружди беа секогаш отворени, а внатре седеа по два-тројца селани, сѐ уште со кал од нивјето по гумените опинци и со вратови изгорени и избраздени од сонцето.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Сонцето и онака пак ќе си изгрева на исток И пак ќе заоѓа на запад што не значи дека и на запад Нѐ грее сонцето додека туристите чекаат Да го уловат во своите камери залезот За кој однапред знаат дека е волшебен и незаборавен Пред зајдисонце на запад катаден луѓето стануваат имуни На романтични воздишки и нежности од каков било вид Воопшто на запад многу е распространето мислењето Дека љубовта и сите воздишки се обична измислица И дека живеачката во целост ја движат пазарните односи Затоа на запад има сѐ повеќе жени кои не знаат да се бакнуваат Ај што не знаат да се бакнуваат ама не знаат ни да готват А тоа веќе директно се одразува врз квалитетот на сонувањето Зашто во рестораните за брза храна не се крепи здраво сонување И понекогаш е поарно да си гладен и барем со време да си знаеш
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Инаку зошто би ни нуделе нови законитости и рецепти секои неколку години не признавајќи дека пазарната економија е недофатлива, неподложна на правило, дека исклучокот е правило?
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Земјата конечно се отвори, завладеа демократијата со неизбежните мачни процеси на транзицијата од тоталкомунистичка диктатура од посебен тип, во демократска мултипартиска држава со пазарно стопанство.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
1 Ветувањата и реалниот исход Транзицијата кон пазарната економија и почетокот на неолибералниот проект во кој акумулацијата и максимизацијата на профитите беше правопропорционално поставена со девалвирањето на трудот значеше дека голем број на работнички права кои беа гарантирани и заштитени во претходниот социо-економски систем, ќе доживеат огромно потиснување, девалуирање и само номинално ќе фигурираат во законодавството.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Реалноста со сета суровост ја покажува точноста на оценките на американскиот економист и нобеловец Џозеф Стиглиц дека „ретко кога јазот помеѓу очекувањата и стварноста бил поголем отколку во случајот на транзицијата од комунизам во пазарна економија“ 1 и дека „транзицијата не испадна да им користи на сиромашните.“
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Пазарните стандарди исто така ја заробуваат имагинацијата на сиромашните; сите одбрани се поврзани со зголемувањето на потрошувачката моќ.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Ајде да се качиме горе, утре е пазарен ден, движење, врева, бркотници и со динамит да пробиваме никој нема да нѐ чуе. Целиот ден ќе го употребиме околу цевката.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Демократија без граници По мое мислење, таа спротивност може да се разреши или со пораз на демократијата поради победата на пазарната економија, или со спротивниот развиток, или така што ќе измислиме „демократија без граници“, демократија во која границите веќе не се единствениот критериум за тоа чии сме граѓани според тоа во кој регион живееме; друга можност е човекот своите права на граѓанин (и државјанин е да може да ги користи во разни региони; трето, да има право да припаѓа на поголем број региони.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Имено, наместо да означува трансформација на (поголемиот дел од) општествениот и државниот капитал во приватен и воведување на пазарни механизми во економијата, овој поим беше ефемеризиран до значење – достигнување на стандардите на западните земји во политичката и особено во економската сфера.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
За тие неколку дена растребија и расчистија како на времето спроти пазарен ден.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Исто така, тогашното раководство не се ангажира доволно за развој и пазарен просперитет на оваа фабрика.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Посебни денови се саботите. Некому викенд, нам главен пазарен ден од онаа страна на тезгата.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Причината ја гледа во пазарните услови на стопанисување и воспоставениот суров капиталистички систем, кадешто основата е интересот на капиталот, а не на трудот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но по распадот на Југославија и поразот на нејзиниот самоуправен социјализам и воведувањето на новата пазарна економија, кутрата јужна Рерублика Македонија, макар независна држава, доживува тешки транзициски години, со изгубената тешка индустрија, несреќно и мафијашки приватизирана, со пропаднато земјоделство и сточарство, со армија невработени.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)