пазарлак (м.)
И беше се думал, се туфкал и продал, пошто-зашто, и пазарлак и коњ и после заработил кај некој ковач, му помагал. 216
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Костадин вели: „Сите момински адети и сите свадбени редови ги земам на себе, само милувам Симка без пари, без пазарлак да ми дојде. Од чиста милост...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
— Сноп, сноп, сноп ќе се вади, — се пренесе по селото резултатот од пазарлакот со спаијата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И токму го завршуваше Петруш пазарлакот со свадбарите, еве го Стевана од Гудјаково со еден сир биено сирење во едно цедилце.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)