партизански прид.

партизански (прид.)

Партизанските одреди претставуваат само средство за притисок спрема владата...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
За партизанскиот генерал не беше доволен еден куршум...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Се слушна дека некој од партизанските големци го јава.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Немаше да ни биде криво ако нашите овци и кози и говеда би завршиле во партизанските казани.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Научивме да се бориме како партизани, ја совладавме партизанската тактика и имавме големи успеси...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тоа нему му беше партизанското име.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ноќта бргу падна, сијалиците го заменија сонцето во одајките и додека вечераа во кујната, со нурнат поглед во чинијата со манџа Пелагија го откри Егеецот Димостен, Влав од селата на Кожув Планина, човекот со дрвената нога, со убавото лице, со благиот глас, со косата што паѓа врз очите, рече додека тој се биел против фашистите со партизаните, го запалиле неговото село, со другите куќи изгорела и неговата куќа, ама во неговата куќа била неговата жена и деца и оти далеку во други планини со бојови зафатен за несреќата дознава дури кога и тој останал без една нога а се лекувал тука близу Скопје, во партизанската болница Катланово.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Порано бевме горди на јунаците од илинденско востание и на носителите на партизанска споменица, а денес ќе бидеме горди на скопската шмизла, која стана парадигма на нашето секојдневие.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Кон крајот на 1941 дошло до разбивање и расформирање на партизанските одреди, но тоа не значело и отстапување од генерално прифатената линија за оружена борба против окупаторот и колаборационистите.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Откако биле заземени градовите, Бурите ја продолжиле борбата со партизанско војување. Дури на 1.7.1902 год. Англија ги присилила Бурите да потпишат мир и како автономни републики да влезат во Британската Империја.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И си спомна дека тогаш уште рече: - Другари, владината војска се прилагодува на партизанската тактика на војување, а ние сакаме да се откажеме од неа...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Според еден член на британската воена мисија Perseverance Кларк „првата бригада го беше презела овој марш да го развее партизанското знаме и да се обиде да добие регрути кои тие мислеа постојат таму, како и да го охрабри дезертирањето од бугарската армија“.115
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
- И ова го рече тогаш на советувањето и си спомна уште дека посебно подвлече: Преминувањето во класична војна за партизанските кадри кои неопходно ќе се судрат со стручњаци и воени специјалисти, за партизанското движење ќе биде катастрофа...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ние сме голи, што се вели, уште само со летната партизанска облека на нас.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Една група борци се отцепија од ЕЛАС и се придружија кон партизанските единици од Вардарска Македонија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тоа беше смртоносната авионска партизанска тројка, која крстосуваше над друмовите каде што врвеа германски колони.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Коле Чашуле бил член на комунистичката партизанска група која го кренала македонското востание против бугарскиот фашистички окупатор на 11 октомври 1941 година во неговиот роден град Прилеп.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Она, дека лично другарот Ѓурчин го назначил за партизански столар при крајот на четриесет и четвртата кога му наредил да ги изработи оние ковчези за испотепаните кај Крупиште, бидејќи по главниот друм тогаш шетале германски тенкови што се враќале од Грција.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Партизанско буре- сложена апаратура за уништување на партизанските вошки.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Вотната во партизанските пантолони на Димостена и забрадена во една ветва шамија копаше дупки по падините на Водно, и така облечена со тезгере влечеше малтер до најгорниот кат на егејската зграда, само сега не мора така да се облекува, убаво ѝ стојат било какви фустани.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Повеќе