пасош м.
пасошки прид.

пасош (м.)

Кој ќе го плати тоа, која ли нова држава ќе ги залечи раните, кој нов пасош ќе ја надокнади загубата на детето, која државна граница може да ги врати животите, се прашувам...
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
За растојанија помали од сто километри не беше потребно заверување на пасошот, но понекогаш околу железничките станици се моткаа патроли кои ги прегледуваа документите на секој член на Партијата што ќе го најдеа таму и поставуваа непријатни прашања.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Очите веќе му беа бистри како кога се врати без револверот со калибар седум шеесет и пет бо уште со пасошот в џеб, со таа црвена книшка на магиска моќ да се отиде во невидени светови или на иселеничка плашлива надеж дека човекот може да најде и втора татковина.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Очекував младиот цариник најпосле да го продолжи разговорот, но тој веќе го зеде пасошот на друг.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тој рече дека ме паметел како дете, но потоа заминал, рано заминал, веднаш по Втората војна, штом се создале услови да може да се добие пасош.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Утрото побрзав да станам. Го замолив рецепционерот да ми го даде пасошот, требаше да одам да ги завршам своите работи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тој имал пасош и бил „странски“ државјанин и според тоа единствено тој можел легално да се качи на парабородот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Наскоро ќе добијам и нов пасош.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Држејќи го паспортот сѐ уште отворен, тој ја праша со променет службен глас: – Колку години имаш, Мајко? – Да ти кажам колку години имам, зар не пишува на пасошот?
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
бати пасошите нели Македонија е слободна, а народот со лева рака се крсти и се чуди што ни стана, да не се јавило некое непознато беснило што нѐ скокотка и нѐ тера на смеење, ама од Македонија еден излегол, а цел свет дошол на тепање, што не се тепаат кај нив, ама на туѓо гумно и на туѓ газ не боли толку многу, и така радоста ни беше пуста, се враќаме преку туѓа земја, првин во Варна: војска, војска нѐ опколува и еден по еден нѐ пушта низ страга, ко овци на молзење, 117
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
ама немаме пасоши, свиденија, никакво книже, оти ние знаеме дека ќе влеземе во слободна Македонија и дека не ни треба ништо и кој ќе те претресува во слободна земја и ги фрливме пасошите од бродот, во морето, ура, викаме, скокаме на бродот и ги фрламе пасошите во водата, радост голема, човек во радоста поулавува и пасошите летаат во водата, а улема риби се збираат околу пасошите, цели јата риби ги тргаат наваму натаму, небаре ги читаат,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ја извадив онаа негова фотографија што му беше останата од неколкуте што ги имаше направено за пасош, а не му се допаѓаа, оти не бил убаво излезен на нив, па ги имаше скриено во фиоката, никој да не му ги види, ја извадив од фиока и ја ставив пред себе.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ни најдоа начин – пасош и платен билет за една насока.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Младиот цариник не ми одговори. Продолжи да го гледа пасошот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Го извади својот пасош од ташната и го стави на масата.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
нѐ гледа во облеката, во ликата, ни бара пасоши, ние кажуваме дека ги исфрливме пасошите, од радост и од глупост ги исфрливме, велиме, тие нѐ редат под стража, шестмина, колку што бевме од Македонија, нѐ затвораат во пристаништето и нѐ сослушуваат, нѐ прашуваат кој нѐ испраќа во Бугарија, дали Турција или Англија, ние кажуваме дека идиме од Америка, се чудиме зошто треба некој да нѐ испраќа,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Следуваат граничните и царинските формалности. Млад цариник со излитена зеленикавосива униформа го прелистува мојот пасош.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Има, рече потоа и ми го побара пасошот. Му го дадов, го зедов клучот и заминав во собата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сакав на Хелен Голдбаум да ѝ го покажам пасошот на непознатата личност чијашто идентификација и животна приказна ја добив на едно трето, сосем неочекувано место.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И покрај, сигурно големото лично досие, визата ми е јасно запишана во пасошот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Повеќе