патрола ж.

патрола (ж.)

Овчарите минаа покрај самата германска патрола и заминаа.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
За растојанија помали од сто километри не беше потребно заверување на пасошот, но понекогаш околу железничките станици се моткаа патроли кои ги прегледуваа документите на секој член на Партијата што ќе го најдеа таму и поставуваа непријатни прашања.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беше тоа полициска патрола што ѕирка во прозорците на луѓето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
По улицата се движеа воени и полициски патроли.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Патролите одат како на двесте чекори оддалечени.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
За да не биде задржуван од патролите, тој се придружи на колоната товарен добиток.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Воените и полициските патроли беа проретчени, но не беа како првиот ден.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Бомби во полициски станици, убиства на полицајци, судири на гранични патроли со вооружени лица – сите овие нешта ги имаше и порано.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Пред да го донесат тука, го беа одвеле на едно друго место, кое мора да беше обичен затвор, или место за привремено притворање што го употребуваа патролите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Низ градот врвеа многубројни патроли.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Патролата меѓутоа не беше важна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На четвртиот ден, утрината се пуштија патроли кон Бугарите. Од по три војници.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но кој можеше да замисли дека оваа војска ќе заврши за неколку години во братоубиствено урнување на земјата (со стотици илјади убиени невини луѓе, со милиони обездомени) која требаше наскоро да ја претставувам и за која како да бевме во еден вид жртвувана патрола.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Десетина патроли. Десетина халт и исто толку умирања.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ме запира една патрола, ме прашува кај бегам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Забележавме патрола само на ридон. Но далеку беа и не нѐ догледаа.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Чекореше бавно под благото сонце низ една нечиста улица кон продавницата на г. Черингтон, внимавајќи постојано да не наиде на патрола, но истовремено ирационално убеден дека ова попладне нема опасност да биде вознемирен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Имаше вечери кога тие ќе стигнеа на местото на состанокот и мораа да се разминат без ниту еден знак, затоа што од зад аголот токму тогаш ќе се појавеше некоја патрола или некој хеликоптер ќе им забрчеше над главите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Стигна до Превалот. Тука го застана патрола.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Затоа и мулазимот оваа ноќ постави стража и одреди патрола само за долно маало каде беше сместен аскерот и тој.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Повеќе