пиење ср.

пиење (ср.)

Да ми е подобро пиењето без нив или ќе излезам или нив ќе ги истерам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Велеа дека и онаа чешмичка во горниот дел од Маказар, единствената во тој дел од која се служат луѓето за пиење и за домашни потреби, ќе секне, зашто и таа била носена, дамна, од оној предел горе над патот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Му носеа јадења и пиења и го храбреа да издржи.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И при пиењето водата сѐ ѝ клокотеше во грлото.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Рестрикцијата била воведена за да ја спречи штетата што пиењето можело да ѝ ја нанесе на воената индустрија.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Не можев да решам, но сепак, си реков, ќе ја оставам, зашто и така ќе му кажам на Методија да се грижи и за неа и да види во шталата, сигурно Симон има оставено залихи зоб за коњот и вода да му тура за пиење.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тој си дојде во Стамбол и почна да си го реди личниот живот – пиењето и харемот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Бараа само начини и поводи за пиење.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ако го изоставиме пиењето, а во пиењето и не беше меѓу првите, и ако заборавиме на карањето, ама и тоа му беше на туѓ јазик, тогаш и не знам која би му била големата вина пред Господа.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Откако ќе ги изгаснат сијалиците во нашите соби и ќе ни речат „Пријатно“, ние двајцата ќе побараме да ни донесат вода за пиење...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Камилски беше зачуден трагајќи по речниците колку многу турцизми се употребувале, но и натаму се употребуваат во балканските јазици за означување разни садови, како: бардак, барде, вид лонче кое служи за пиење вода (од турски bardak); ибрик, поголем бакарен сад за вода со посебно извиен тесен отвор, се употребувал уште како сад за масло и како сад во кој се топли вода, како и за варење кафе и чај.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Биење без пиење не бива, ништо не бива без пиење.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Не само јадење и пиење, ами отворија и бакалница, та дури и магацин со обуш и облекло и разни ситнурии; огледалца, мониста, прстенчиња, обетчиња и којзнае какви ситни ѕрнѕурки, кои по Европа се продаваа по десет и педест за пара, а овдека Челебијата си ги определуваше цените како што сакаше и колку што сакаше.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Помладите еден по еден ја напуштија свадбата! Јадење и пиење имаше колку да сакаш!?
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Ми фалеше излегувањето во град, градската шема, пиењето кафе, шетањето на кејот на Вардар каде сите убаво облечени и нашминкани позираа на пладневното сонце.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Разволнуван до солзи, дајреџијата сакаше, пред да станат и да се разотидат, да им покаже сега на овие големци дека не му е вечерва нему до пиењето, ни до парите... туку до честа...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Пиењето ѝ помагаше да заборави. Сѐ ѝ стана безразлично.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Нарачав од најубавите и најскапите пијалоци за пиење. Исто така и најскапи јадења. Пиевме и јадевме колку што можевме.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Во тоа време, посебно во првите години по соборувањето од власт на претседателот, човек можеше и да изеде ќотек на улица од хулиганите од подмладокот на гардата ако е излезен со малку подолга коса, ама, веројатно, младите гардисти беа премногу зафатени со пиење на лоша ракија, а Стојан не беше будала дотаму да форсира силеџиство, кое, на некој начин не водеше никаде.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Време е за пиење кафе и белолаглави старци седнати крај масите и потпрени на крлуци, го чекаат својот филџан. Ги поздравуваме, ни отпоздравуваат.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Повеќе