плавен (прид.)
Од таа скаменетост го освести црвенокосата, богата сончевина, што се плисна како некој плавен бран во неговиот прозорец, ослепувајќи го и во исто време носејќи му ја назад способноста да се исправи.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тоа му беше единствено, што можеше да го прави, вака залебден и вивнат во плавните далги на своето будење, и тој го правеше тоа: само од себе и само се шегуваше.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Во сонот што те води по меки врвици по остри гребени во кои те чекаат час плавни починки час модри висини.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Утредента падна тивок, плавен дожд. Врнеше три дни и три ноќи.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Во еден миг застана реката, го исполни коритото, се поткрена на бреговите, разгледа наоколу: што се случи, се прашува самата, каде е човекот, и со денови шеташе сама низ полето, ги раскопа друмовите, ги раскорна плочите, а кога му ги откри трагите таа се повлече во коритото, спокојна и плавна, загледана во човекот што го чита Борхеса: тенкото жуборење на водата што го довикува споменот на пустината.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Наеднаш чиниш тој простор беше му го позел; тој простор чиниш уште пред тоа, пред тој да може да го знае тоа, беше му го украл сиот негов здив во своите недогледни глобочини, со мирна невидена плавна синевина, што го исполни сето растојание меѓу бескрајните брегови на неговиот поглед и простор беше го повлекол сиот него кон себеси, кон својата шир.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Еден задоволен, плавен и длабок глас изречува пофалби.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)