планиран прид.
планира св. и несв.

планиран (прид.)

Не е затоа што не сакаме, ние едноставно немаме таков принцип на работа, немаме фондови со финансии кои би биле планирани во буџетот од оваа година и би се однесувале на реализирање помош на индивидуални лица.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
А во врска со последиците само ќе додадам дека човекот е такво суштество: со негодување ги дочекува настаните за кои знаел дека наскоро може да се случат, но ете, тие се поиграле со неговите предвидувања: пристигнале порано, иако можело да се случи да пристигнат и некој ден подоцна од планираното.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Поворки од овие луѓе минуваа планирано и организирано крај експонатите и кустосите на Атеистичкиот музеј.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но планираното не се извршува.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Додека се обидував да го протолкувам реченото кое оставаше многу празнини, бели страници кои можеа да се исполнуваат со различна содржина, главно како претпоставки, а јас не бев склон на таков вид размислување и градење односи со луѓето околу мене, Ема се надвисна над бирото, поземајќи ја пепелницата и, свртувајќи се, повеќе несмасно отколку планирано (така ли беше?, не знам!), со врвот на цицката, потприбрана во тесната блуза со длабоко деколте, благо ми прошета по надлактицата од левата рака.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Беше планирано да излезат дванаесет души во партизани.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Капацитетот ќе може да издржи до 600 литри вода во секунда, значи планирано е перспективно и со зголемување на градот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Сега, кога ќе појдам во собата, ќе ги побарам оние скици и цртежи, и ќе го уредам просторот со планираните патеки, со парчињата англиска трева, и со туите и кедрите што ќе се вишат до небото.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И толку! Значи не може да станува збор за некоја однапред набележана или планирана цел.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Импулсот може но не мора свесно да се потиснува, а чинот може но не мора да е предмислен или планиран. (ICD-9-CM) Вебстеровиот речник ја дефинира „присилата“ малку поинаку од „неодолив импулс да се направи некој неразумен чин“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во бродот Галеб беше планирано создавањето на Движењето на неврзаните земји на 18 јули 1958 година заедно со индискиот водач Нехру, со египетскиот претседател Гамал Абдел Насер.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ема, која често ми се јавува и чиј глас многу ме куражи, ми кажува дека во весникот Време пишувало оти по смртта на Борко, планираната прослава по повод петгодишнината од изградбата на браната Долнец, немало да се одржи.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Сѐ се случуваше така што беше планирано за Денот на пролетта - денови на екологијата, и уште симболично - Се раскрилуваме со пролетта.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Повеќе наликуваше на фрлање боја на платно - не знаеш дали создаваш уметност или не.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Поради сѐ уште неповолното време во Крушево се одложени планираните акции за пошумување на терените, уредување и чистење.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Во „Емброс“ била објавена вест во која се кажувало дека атентаторите имале планирано да ги нападнат со бомби грчкиот конзулат, Грчката митрополија и грчката гимназија, но не успеале да го реализираат тој план.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Откако планираната изложба ќе ја заврши својата обиколка, Вокеровиот центар на Бојс ќе му посвети перманентна галерија - прва во кој и да е американски музеј.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
„Обериутите” подоцна настапувале уште неколку пати, но по жестокиот напад врз нив во листот „Смена” групата престанува да постои, па така не ни излегува планираниот алманах „Архимедовата када” („Ванна Архимеда”).
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
А доколку не беше покренат првичниот спор, оние работници кои тогаш беа планирани да бидат отпуштени како технолошки вишок, денеска ќе беа без работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Нивните духови тешко се вклопува во планираниот проект.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Повеќе