повеќемина прил.

повеќемина (прил.)

Оваа работа не е работа за повеќемина.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
63 Велешките младинци, бидејќи биле повеќемина на куп, се труделе да го организираат животот и да му дадат некаква корисна револуционерна содржина.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Понекогаш љубев едновремено и повеќемина, пишував песнички (имам живи сведоци за тоа) и имам цели тетратки испишани.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Оценките варирале меѓу 35 - цифра дадена од страна на валијата, и повеќе од 300, што треба да се земе за точна доколку би им се верувало на повеќемина Европејци, главно Германци и Австријци што живееле во западните делови на градот, каде што живеело егзархиското население.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Фелдфебелот беше конечно збунет, а беа збунети и другите зашто имаше повеќемина што беа настрвени на Србина кога го видоа другарот мртов.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ние, уморни, повеќемина рамнодушни, го следиме монотоното излагање на директорот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Оргазам е можен и тогаш кога постои расцеп во психичката сексуалност, како кај повеќемината перверзни, и може да биде знак на патолошка психичка организација.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
По добивањето на „откупот“, Коста и Тодор биле “ослободени“, а повеќемина заговорници се собрале во Софија за да размислат како да се снабдат со поголема сума пари и да почнат со реализирањето на своите планови, зашто со парите што останале од „откупот“ не можело да се почне ништо.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Еден опцул, повеќемина му се придружиле - по таа двоколка на триесет и шест запреги им бил запрен патот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Верувам дека ќе дојдат повеќемина да ја испратат - рече Даскалов а потоа пријде и го повлече чаршафот и над нејзините стапала.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Завршувате со читањето, книгата ви остава одличен впечаток и им ја препорачувате на повеќемина пријатели.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Бојан не се изненади многу од тоа, зашто му беше познато дека повеќемина колибари чуваат скриени пушки.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Според повеќемина во семејството, не биле толку драматични самата преселба и животот во туѓина, колку што била неизвесна судбината на враќањето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Можеби ужива да гледа како им припаѓа на повеќемина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На четириесет или можеби порано (повеќемина Прокопиевци побелуваа млади)?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во 1897 година повеќемина младинци се нашле во Женева како студенти.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)