погребе (св.)

Слушајќи го попот кој ги погребуваше мртвите, ги научи молитвите. Му помагаше во пеењето.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Може да се рече дека тие беа по исклучок погребани во рисјанските гробишта, макар што некои тврдеа дека Алејата на великаните е излезена од верската линија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Гледај, рече дрвеното лежиште, и тој виде: џиновски стебла во златноцрвени облеки го држат небото на своите плешки и полека се ослободуваат од својот мртов товар; сончевите млазови бавно ги погребуваат лисјето.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Му објаснив на Даскалов дека и местото на кое ќе ја погребеме, мајка ми самата си го избра.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ме погледна зачудено Масим, синот на стрико Бојан, ја подотвори устата во чудо, ги ококори очите и прекорно ми рече: Какво писмо ти пратил татко, кога тој почина пред една година во Домот за старци во Катланово, го погребавме по сите обичаи на градските гробишта, му правевеме помен на четириесеттиот ден и парастос на годината од умирањето?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Татко беше погребан во предниот, поистакнатиот дел на муслиманските гробишта, близу една асфалтирана патека, веднаш спроти неколку еврејски гробници.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Цела недела откако Рози беше погребана, тој не одеше на работа и не се бричеше.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Завиткани во излитени италијански ќебиња, по полноќ ги погребаа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Имаше неколку таткови сонародници и од иста вера, истакнати партијци комунисти, со некои од нив животот повеќепати му се вкрстувал, а овде беа погребани во Алејата на великаните.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но тогаш тој, гробарот, ќе мораше да се пријави како технолошки вишок, и да си ја погребе сопствената идина.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
На времето во Хавана и ноќите побелуваа од белиот рум во „Бодегита дел медиа“ и наутро не можевме да се изначудиме каков чудак бил тој Хемингвеј штом кучињата си погребал како луѓе во дворот на куќата кај Хавана од каде пак, ако го опули морето, секој си понесува (за спомен и долго сеќавање) макар едно бранче од приказната за старецот и морето.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Чувствувајќи како дождот сѐ повеќе го натопува, се пренесе во времето кога ја погребуваа баба му Депа кога исто вака туриваше силен дожд, а тој одеше во погребната поворка фатен за раката од мајка му, дождот му плускаше по главата, по телото, му се лизгаше по кожата и му слегуваше низ нозете во опинците; погледнуваше повремено во баба му во ковчегот што го носеа луѓето на раце: и нејзиното лице дождот го миеше, се лизгаше по него како по восок и ги натопуваше цвеќињата и овошките во сандакот; лееше на попот и му ја гаснеше кадилницата со која штркаше по ковчегот и пееше за покој душа, лееше на луѓето што одеа со наведнати глави.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Дали се вистинити, или само подоцна измислени приказните дека тој во неа е погребан?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Зошто да ме погребат? - човечето најнапред го прашуваше Чауле а потоа дотрча и кај Мајката. - Имаш видено некого жив да погребаат?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Синот на инженерот Ајфел, зашто великиот татко веќе од пред повеќе години беше умрен и погребан, пребледе како крпа. Зар бевме во можност да се бориме?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Имаше намера тој да ѝ помогне синот на Тајко да го погребаат по рисјански.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Веднаш се собраа мештаните од Рајчани, го подготвија погребот со сите достојни почести и го погребаа со облеката, со наметката и оружјето негово, на местото каде што погина.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Пак умре, велам, и пак го погребаа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го употреби вчера, како коментар на оној мој предлог, мајка ми да ја погребеме ние двајцата со две-три момчиња што ќе ни помогнат да ја качиме на ридон.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Татко ми и мајка ми, која го следеше во животот како сенка, подгрбавена сенка од работа и од послушност, беа погребани на гробиштата Фицрој, спроти водите на големиот Пацифик, како не многу заслужни, но трудољубиви новодојденци.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Повеќе