подрум м.

подрум (м.)

Повеќе не се нервирам, решив да преживеам. Гледам како малите тивки патриоти ги преместуваат кириличните книги во подрумите, на своја рака, се разбира, но еден ден потомците ќе им бидат благодарни.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сѐ како што беше. „Од подрумите на Лубјанка се гледа само Сибир“, велам и — оп, опали.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мајка му се враќа од подрумот и продолжува да работи низ претсобјето.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Почна да се враќа кон неговото место, под ескалаторот кој го поврзуваше подрумот на трговскиот со првиот спрат.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Тринаесет годишно девојче, во темен подрум, без покривка, кревет, босонога ги одбројува деновите, црни денови... гладна и стредна...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Четири години ја пеев „Народе македонски...” и четири години заради таа песна го пиев грчкото масло и серев по грчките жандармериски и полициски канцеларии и подруми.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Лево, валканите решетки водеа до подрум од кој избиваше здив на смрдлива дупка.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Тој тргна полека се тркалаше лазејќи од дрво до дрво, се задскриваше зад грмушките па некако стигна до селото за да влезе скришум во подрумот по компири.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Местото на велосипедот е во подрум.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Сега јас пораснав, имам чувство на сопствено достоинство, викендичка со градина и подрум со муниција.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Овие археолошки антиквитети се препродавани на аукциите, заштитени од вооружени чувари во подрумските галерии или во палатите на богатите колекционери.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Болничките соби, коридорите, па дури и подрумите беа полни со ранети.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Со група од неколку сомнителни момчиња го затворија во подрумот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Рече имаат подруми со мешини масло и вино кај нив.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ане фати едно парче стиропор, веќе кафен и измачкан од долгото стоење во подрумот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
До крајот на есента се случија уште неколку работи за кои Егејците не можеа да најдат објаснување: Господ цела недела не си ги запре солзите и не само што се наполни коритото на Вардар, туку и сите улици, плоштади и подруми до железничкиот насип.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Гапка кај него ги чува клучевите од оставите и од подрумите; клучот од големиот сандак, што стои во неговата соба и од средишната остава Иван Иванович го носи со себе и не сака никого да пушта таму.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Се убеди дека свлекувањето на кожата е поризично ако е под земја, во најдлабокиот подрум, отколку ако тоа го направиш во театарот, пред очите на слепата публика.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
На звукот на сирената за воздушен напад ја грабнував торбата и трчав во подрум.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Некои велеа дека е од раѓање во дворот или во подрумите на некоја беговска куќа одамна напуштена и во распаѓање.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Повеќе