позадина ж.

позадина (ж.)

Во позадина се наѕираше колешката со правливите штикли и џиш розевиот кармин, чиј интерес за целата работа како веќе да спласна.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Ми се гади од позадината на сето тоа.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Додека траеше гужвата, му одговараше да оди позади мене и да ми ја студира позадината од глава до петици.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Во четата Раде беше назначен за заповедник на извидувачка група, која ќе требаше да се инфилтрира во позадината на непријателот и да го снабдува Штабот на 23от пешачки полк со податоци во врска со движењата на непријателските сили, нивниот состав, големината и многу други нешта битни за успешните воени дејствија.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Како ги раскажувам соништата и кому Клошарите со посвета Предметите по употребата и мислите, Соблекување или почеток на разговорот и другите ненапишани песни одрани налик на волот на Рембрант крвта остава силен впечаток, нели има боја, вкус и позадина нели има свој пулс, своја група, свое месо станува естетски предмет или вода потаен жар се од нив ми гори под нозете.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Многу е рано наутро да се бакнуваат по автобуските постојки, ама под железничка има двојки кои се разделуваат пред пат, или се сретнуваат по одмори, па денов ми продолжи во слики на љубовни изливи и страсни прегратки, и, судејќи по тоа на колку вљубени им бев „позадина“, утрово има љубов во градов наш.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Пак помислуваме на тоа колку добро на Франц Кафка му одговара оваа необична позадина.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Но најмногу од сѐ, иако таа желба ја криев негде во позадина, длабоко посакував љубов од соништата.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Врз црна позадина отсјај како од новогодишни прскалки зимско сонце се пробива низ клепките.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Притоа во позадината на овој неозвучен слој од неговите размисли како да се движеше и рамномерното брмчење на златниот инсект; мислам дека во тој момент ја сфатив таа неодминливост: дека ниту една неочекувана појава на инсектот не може да се замисли без придружба на необичната наметлива мелодија.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ги вади позадината, ги фаќа ко стаорци.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тука - тој и натаму го држеше врвот на стапчето на ридот Гинова карши селото Калевишта - затоа што во реонот на Алевица противникот нема формирано позадина.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Армоничето сега се влечеше потивко во позадината.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Вратата се отвара со тресок, и сега во позадина јасно се слушаат звуците на блех оркестар, како полека се загрева.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Имам големи замисли за тоа каква сакам да бидам, само што тие баш и немаат некаква позадина.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Имаа патолошка позадина, во позиција на вид испомешани комплекси.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Надвор веќе беше квечерина. На гранките од дрвјата полека се палеа ѕвездите, а месечината лежерно се смешкаше во позадина.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Покрај Треска во Хром има едно дрвено мовче и најубаво зајдисонце пасторална позадина на хаварисани коли, ѓубре и шприцеви.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Кај случајов со Никола Поцо тоа се усложнува со неговите манипулации во позадината.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Веќе знае и со која поза која песна ќе оди во позадина и со кое крешендо ќе завршува претставата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Повеќе