полог (м.)
И така го кладовме пологот во седелото, тргна коренот, се шириме, се темелиме.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И седнувам на пологот до мене. Јон мој, дури тогаш ме виде.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тој пак не ме гледа, си го тера редот, фрп, фрп, прави со српот, наполни ја раката, остави ја на пологот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Дамче се врати кон своите, им рече дека прекршила ужина и дека треба да почнат да собираат полози и да врзуваат снопје.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)