понапред (прил.)
И тогаш, по втор пат како да го видов големото сонце што ми се јави и понапред.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Но каков беше резултатот од таа војна? Русите и понапред војуваа со Турција и ги ослободија со своја крв скоро сите балкански државички.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ако селското население и сега си зборува како што си зборувало и понапред и зборува одред низ цела Македонија само на еден словенски јазик, – во градовите, редум со бугарските машки и женски гимназии и основни училишта; насекаде ќе најдеме и српски.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ако овој долг се осознае, ако обединувањето на нашата интелигенција со бугарско, српско и грчко образование се постигне, ако се парализира работењето на пропагандите и се успее тие сосем да се отстранат од Македонија, ако се установат добри односи кон сите македонски народности и се подобри политичката и материјалната состојба на Македонците, тогаш, при сите дадени жртви, ќе можеме, покрај другото, да бидеме задоволни од едно: востанието ни ги отвори очите за грешниот пат по којшто одевме досега, по којшто ќе одевме и за напред, и без востанието сами ќе подготвевме почва за дележ; тоа ни ги отвори очите за многу наши нужди што и не ги претпоставувавме понапред.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Со нашата сегашна национална преродба ние им се спротивставуваме на другите православни Словени, како што се спротивставивме и понапред: тогаш бевме први во духовната преродба што кај нас беше бавна, а кај нив брза, сега наопаку: тогаш тие нас сакаа да нѐ достигнат и работеа со извесна тенденција и брзина, сега наопаку.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
50. Сегашниот политички опит да беше бил кај Бугарите понапред, ќе се пристапеше прво кон разделувањето на сферите за влијанието во Македонија меѓу Србите и Бугарите, а после, во време на востанието, српските и бугарските војски ќе навлезеа во Македонија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
На првата забелешка од нашите противници, оти никогаш немало македонска словенска народност, може многу просто да им се одговори: што немало понапред – може да се стори подоцна, доста е да се имаат различни историски услови со свои одделни барања.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Литературните обиди на македонските пишувачи во XIX век, за жал, немаа такво значење за да добијат следбеници, затоа ако и сега во XX в. гледаме некои обиди да се пишува на македонски, тоа не се прави свесно и од некакви патриотски влечења и цели, ами само за забава; 159 Во тоа се состои разликата на нашата, т.е. македонската духовно-национална преродба од онаа на другите православни словенски народи, со други зборови: како што понапред ние постепено и први се просветувавме со христијанството и со писмото, а другите Словени – по нас и набрзина, така пак сега, во времето кога сите православни Словени постепено си изработија свои литературни јазици, свои богати литератури и постепено изработени правописи, ние остануваме поназад од сите, тукуречи без литературни традиции – не затоа што ги немаме, а зашто го забораваме своето изучувајќи го туѓото.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Народниот идеал се применува според историските прилики, и тоа што денеска било народен идеал - утре, по неговрто осаштествување, ќе му отстапи место на друг, за кој понапред малку се мислело.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Секоја држава се мачи, ако не да прави нови завладувања, политички, економски и културни, тогаш да ги зачува оние што се направени од понапред.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
На Сарафов не му сочувствуваа бугарската влада и кнезот, со други зборови: Комитетот, на којшто му претседателствуваше Сарафов, по македонското прашање се придржуваше според една таква програма, тогаш за тогаш само политичка, изработена уште од понапред, на која не ѝ сочувствуваа оние што се повикани да ги бранат бугарските интереси, ами сочувствуваа оние што ја составуваа толпата, со други зборови, бугарскиот народ.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Но сакам сепак нешто да ви предочам: ваквите неиздржани докрај предлози, поради некоја попатна грешка во нивното реализирање, а чија што единствена цел била да ве вброи помеѓу привилегираните, секогаш се чекор понапред во однос на оние случаи што не влегле воопшто во процедура.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
– „Ах, јас сиромав, си рекол сам со себе, дали така ми било речено, наместо од прасе месо да јадам понапред, сега си јадам жаби; наместо јагули и риби напред што јадев во златниот град Прилеп по ладните меани, сега си јадам гуштерици и кауѓерици.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Со два уќумата, селаните не знаеја кого понапред да го слушаат и на кого понапред да му даваат маст, сирење, овци, кози, говеда и свињи.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
– „Оти луѓе сме, затоа луѓе сме, му рекле, а за штркови што се правиме, си имаме од деда прадеда клетва да се правиме, чунки тука ние, Силјане, не е чаре да родиме челад според една клетва што ни е оставена од деда прадеда како што ти кажав уште од понапре“.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Е, понапред друго беше. Сѐ на сѐ во цел град можи беа шест петарди во малопродажба.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Не знае кај да го удри побрзо Мисајлета Ковачот, не знае што да му скрши понапред: дали рака, дали нога, дали вратот да му го скрши.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Претседателот Етхем-паша беше малку издвоен и понапред од редот на судиите.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Оди, се враќа, молчи и таи, а во него сѐ понапред избива потребата и го гори, да каже кој е и што е.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Тој застана дури за еден мал получекор понапред, се сврти некако вкосо, и си читаше мемолејќи со усните, зашто никогаш не беше свикнал да чита сосем во себе.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)