поплака ж.
поплаче св.

поплака (ж.)

Во градскиот комитет започнаа да пристигнуваат поплаки од основните организации на партијата за недоличното однесување на козите на разни јавни места во градот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И по поплаката кај командирот нивни не се повратија.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Немам против кого да одам на поплака.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Нека им се најде за подолго време, да не ми идат ноќе на поплака.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
За оној кој на астал ладен со ладна глава думи тешки над наши глави реди и клава, поплаки до емисари и конзули како отров за нашите души довикува.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
И сѐ на неа е посебно и неповторливо. И облеката, и смеата, и поплаките.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А тие, никако да се измолкнат од поплаките и пискотниците. Некакви сенки им шетале по сокаците и по дворовите.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
и еден ден се појави полковиот командир, на еден бел коњ, коњот игра, не гази на земјата, беше бил заробен од Англичаните, и кога дојде му даде команда на ротниот командир и на другите офицери да се тргнат подалеку од војниците, и тие сите се тргнаа едно двеста чекори, и полковиот командир не прашува кој каква мака има, или некоја поплака да има, и излезе еден, Ристе се викаше, а тој пак сето време само главата навалена и само зачуден, и со никого ни а, ни бе, и мајката, си мислиме, на толку молчење, сега најде да зборува, а тој ти имал мака, полкот негов ја збркал работата, а го окривиле и Ристета и го осудиле седум години затвор да лежи по завршувањето на војната, и Ристета цела недела пред тоа го учел еден адвокат од Скопје како да се пожали, го вежбал за докладот, како да се претстави и како да се поплаче и Ристе станува, јас бев часовој, вели, кога стана тоа, а имам и часовник добиено за храброст, ама јас не бев таму, кај што стана колењето и му кажува сѐ како што било,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ама не светеше доволно силно за да ги насмее двете деца со лепак во џебовите и во кесата, карши кабинетот за поплаки и жалби на претседателот, кај Рекорд.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
До султанот и до неговите паши стасале многу поплаки против одмаздникот, шербетот што го пиеле им станувал горчлив.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Милувај, кажувај откорната штицо во моите уши шкрипни збор од стисок зад доцната есен клун твоето лице со тврда гримаса на одметнат врисок и блиску, сосем блиску во паднати лисја и стивнати птици од предзимска мисла се тркала бисер од поплака тивка стара колку слухот со воздушни уши кон ветерот со око што од себе се суши ќе одминам во ехо на чекор од чизма ти далечна, крцкава стрпи се и слушни од жлеб, клинец и чекан чука мојот призрак. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 139
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Работната атмосфера беше сосема в ред – вработените немаа поплаки ниту, пак, некакви меѓусебни препирања или нетрпеливости.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Збор за поплака од нив не сум слушнал.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
— Аха! Со мене сакаш да збориш. Може некоја поплака имаш на некого?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ама за поплаката негова се чу, се разбра. 49
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Катедрата за англиски, Деканатот на Колеџот, службата на претседателот и службата на Здружението на поранешните студенти без поплаки се справија со стотици не баш добронамерни прашања во врска со него.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ете, на пример, ние не можеме да си ја објасниме оваа ваша поплака: „Во месец мај годинава владиката Дамаскин заедно со мудурот го затворил училиштето (се разбира, српското) во Велес и ги изгонил учениците.“
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
— Не се живее со ваа кучка, — беше заклучокот од целата таа поплака.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Нѐ истепаа ноќеска Турците, господин војводо, — му се поплака момчето и му ги покажа сињилата по образите и вратот од Расимовиот камшик.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Познавајќи ја Родна и нејзината умешност, нејзината способност да ја избере најздравата гранка за да се фати за неа, не можев а да не заклучам дека во нејзината поплака се крие и некоја подлабока причина.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Повеќе