поруга (ж.)
При сето тоа, при поругите и клеветите изговорени на сметка на неблагодарниот слушател, а за потврда на вистинитоста на своето раскажување и за потврда на својата раскажувачка вештина, зема да набројува дати и личности уште од пред времето за кое раскажувал, кои на овој или оној начин удриле свој печат врз животот во Потковицата и врз животот на сета Македонија.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
- Во неговата насмевка повторно поигруваа измешани поругата и љубопитството.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
А она нејзино триумфално влегување во ослободеното градче, качена на бел коњ, на чело на партизанската единица, селаните го прокоментирале со поругата: Слушнавте, носот ѝ паднал, ама не слегла од коњот да си го земе?
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Нели, со многу тажно лице се стори шегата со која Синесие кројачот во момент на веселост го беше довел Васе Пегланиот во градината на поругата.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Чекајте! Да не се правиме за срам и поруга!“ свика тој.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)