пости (несв.)
И комунистите постат кога нема што да јадат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Што би луѓето да не се монасите? Едните мора да постат за да можат другите да водат безгрижен, но грешен живот.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Постел тринаесет години.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во неговото постење беше на необичен начин собрана историјата на XX век, посебно југословенската.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
- Клекнете. Онисифор Проказник ќе пее патем молитви и ќе внимава на постењето.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Пандо Бранов, таткото, го имаше забележано следното: „Ние многу повеќе во годината постиме одошто мрсиме, ама не постиме толку затоа што сме кај знае колку побожни туку затоа што сме и повеќе од толку сиромашни.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Во обата случаи, на уметникот што пости и анорексикот, битно е дека тие го требаат големиот Друг којшто набљудува што тие прават и когошто се обидуваат да го уверат дека можат да одат уште понатаму во сопственото жртвување.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Не сум јас никаков свети Јован да ме молиш. Богат сум, сиромав сум, сеедно. Постам и се причестувам.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Но тој постел, разбираш? Бил светец.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тие пијат алкохол, постат само три дена за време Рамадан.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)