потрча св.

потрча (св.)

Го гледаш, се враќа од мочање и веднаш потрчува назад небаре таму нешто заборави....
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не можеше ниту да ме остави сама со Ели во таква положба, да потрча по лекар, ниту пак да ме испрати мене сама по него. Ѝ стави топломер.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тоа чекање навистина завршуваше со успех на кој ние децата не се радувавме премногу, ами олеснето потрчувавме по ластик или топка.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Потрчувам да го фатам зелениот човек што трепка на раскрсницата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Некои луѓе отворија чадори, други потрчаа по засолниште како да дојавале лично четирите коњаници на Апокалипсата.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Ни стапот ќе зазелени ни таа ќе потрча.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
А баба ми ме викаше и Прле на баба, затоа што газето не ми држеше и затоа што истиот ден кога јас сум се родил, во ливадата, тетеравејќи се на слабникавите нозе, се залула и по неколку минути потрча младото прле - магаренцето.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Пците ги осетија стапките и потрчаа кон нив, но тие се затаија и пците се вратија назад, лаејќи на ветар.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Коларот сепак успеа да скокне од колата и веднаш потрча кон главата на коњот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ги размавта рацете и потрча да ги обере златните праски, златните цвеќиња, за да не ги соберат утре соседите.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ја чекаат пролетта, да спадне реката, па по петмесечна одвоеност да се прегрнат и да потрчаат заедно по ливадите.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Заѕвони. Се оттргнав од нејзината рака што ме беше прегрнала и потрчав во класот.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
- Изгледа лошо е, да бегаме! – му рече дедо Димче на Кире... ги потераа празни коњите, а тие потрчаа по нив...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Сакам да потрчам, да го припрашам уште нешто, уште колку време ќе служи војска да го прашам, ама не можам да пречекорам, од место да се помрднам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Стрелецот, не стасувајќи повторно да ја наполни пушката, се исправил од зад сипаничава карпа и потрчал кон недалечно дрво за чија гранка со узди бил врзан оседлан белец.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Личноста за која е корпата, треба веднаш да потрча и да го фати оној кој ја оставил и тогаш разменуваат бакнеж.“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Го гледам ме вика со прстот. Потрчувам и, трчајќи ми иди да му бацам рака, да го бацам в чело, на полите од шинелата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога виде дека сенката го моли, Карамба-Барамба навреме се тргна а и јас со него, Слонот, исплашен од едно полско глувче што се обиде да му се завлече во сурлата, потрча покрај нас и кршејќи се на својот пат се изгуби во длабочината на бескрајната џунгла.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Мама ќе потрча кон вратата, додека тато го стега наслонот на фотелјата со побелените прсти.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Хелвиг потрча во канцеларијата на шефот на безбедноста на аеродромот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Повеќе