почесто прил.

почесто (прил.)

По таа причина поубави му се чинат на човека речиси само оние наречја и говори што ги слуша тој или ги има слушано почесто.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
потем се наслутува сѐ почесто во глувиот ноќен јасник како слана (во споредба со неа, снегот е мек и топол, Господине) во забраната да се верува во чувствувањето срам да се признае мечтаењето по неа и скришното вљубување во зазорот и распрашувањето за смислата на животот (најдолгите чудења се загушени од банални спреги) во сѐ поприсните признаци од сонот - таму кајшто живееме однапред, повторно и можеби безгранично, таму кајшто времето не се мери со просторни величини и кајшто, конечно, не се дели иако, да признаеме навиката да живееме раздвоено нѐ збунува сега едно-по-друго се подготвуваме да заспиеме да ја избереме спалната, креветот да постелеме нови чаршафи само за една, за наша употреба купуваме ноќници за истата прилика се тревожиме од наглите отворања на вратата низ којашто проблеснува вселената сѐ до неиздржливата глад по Неа.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Многу почесто поради евтина интелектуална свест, отколку поради малата понудена цена.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Вели дека сѐ почесто го обзема необичноста како чувство.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Мислев дека ние децата прилегаме на возрасните но сѐ почесто се уверував дека повеќе тие се деца.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Влаинката почесто одеше кај турските жени, кои во отсуство на мажите ги плетеа рогозките на тремот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Меѓутоа, излезе дека одбрав погрешен човек за таа работа, а во иднина почесто ќе ми се случува таков вид рапсодија во која тие што те сакаат не ги сакаш и обратно.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Сѐ почесто небото се намуртува, сѐ почесто дуваат студени ветрови и носат магли и дождови.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Потоа тој ја стиша интонацијата на гласот, заслабе неговото ораторство, почна почесто да ја симнува офицерската шапка од главата и да го вади крпчето од џеб за да ја избрише потта од челото и на крајот престана да говори.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Одењето дома сѐ почесто му претставуваше товар.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Испаѓа дека почесто гледам негови филмови отколку што се гледам со сестра ми на скајп.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Сѐ почесто го наоѓале како се тетерави пред сурија распуштени дечишта или како спие напаѓан од муви во сенка на циганска плитарска куќа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во Пансионот на видно место стоеја и Правилата за однесување со кучињата во кои пишуваше: „На секое куче треба да му се почитува правото на природен живот; не смее да се злоставува и да му се нанесуваат физички и психички болки; секое куче има право на заштита и нега; треба да се сака такво какво што е, зашто тоа не е во состојба да бира сопственик, а сопственикот го бира него; ако не чини, треба да му се помогне да се поправи, а не да стане жртва на лошото однесување и изживување; не треба нетрпение и брзање веднаш да се научи на сѐ, ами треба да му се даде време да сфати што се бара од него; не треба без причина да се разлутува или казнува, зашто и тоа може да изненади, да врати; првиот удар тоа го простува, зашто мисли дека е случајно удрено, по грешка, но ако по втор пат го удриш, сфаќа дека е намерно и тогаш ударот ти го враќа со уште поголема мера и те замразува со сета своја душа; тоа најчесто е само и нема никого освен тебе: разговарај почесто со него и самиот ќе се изненадиш како те разбра; љубовта со љубов ти ја враќа; и тоа, како и човекот, има своја судбина: не придонесувај да му е тешка; ако остари, ослепи или оглуви, ако стане неподвижно и остане без заби помисли дека тоа може и тебе да ти се случи, зашто староста е иста за сите; не однесувај се кон него како кон некој обичен предмет, зашто кога ќе го изгубиш, ќе видиш колку е жално; испрати го на неговиот последен пат и размисли дека секоја смрт, било таа и на животно, е загуба за сите: еден живот помалку на земјата”.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Можеби дури ќе успеете и да го заборавите додека се шеткате меѓу несмасните надгробни споменици од осумнаесеттиот век, понекогаш налик на вазни, што можат да се добијат на некоја уметничка лотарија, но почесто личејќи на облаци вкаменета пена од прашок за перење; потоа меѓу надгробните споменици од деветнаесеттиот век, интересни поради мешањето на рускиот класицизам и уште по нешто руско, се чини, духот на апсолутизмот и, најпосле, помеѓу надгробните плочи од последниве децении, неромантични, каков што е обичниот алат.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Од неодамна сѐ почесто забележувам грешки.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Вие сѐ почесто слушате дека природата, средината во која живееме, станува сѐ позагадена, посиромашна.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
И сега работејќи во градината, почесто седнува на клупата под него и гледа голем дел од короната се исушил.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Цела недела северникот ги даваше своите благодети. Во каушите сѐ почесто се носеше витката мелодија на ориенталните песни, полни со болка и копнеж.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Црвените жарчиња на цигарите сѐ почесто се усвитуваа, правејќи од целата тишина на ноќта само една растреперена морница на нешто непознато и грдо.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А кога почна почесто да се огледува на огледалцето што го носеше во џебот и да забележува некои промени на лицето: мали влакненца израснати под носот и на врвот од брадата, мов и расцветани мозолчиња по лицето и кога почесто го вадеше чешлето да се чешла - сфати дека му стасало времето што неговите домашни толку нестрпливо го чекаа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Повеќе