прагматичен (прид.)
Митрополитот им припаѓаше на оној редок вид предводници што таа позиција не ја разбираат како привилегија, туку како високо достоинство, како морална обврска, како етичка и возвишена, не како прагматична и утилитарна вредност.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Беше служба која ја наметнуваше својата професионална супериорност, пред прагматичните интереси на политиката, заснована често врз правото на поголемата нација.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Не беше лесно да се адаптира логиката на спомените во одамна збиднатите времиња, со прагматичните цели на Татко и на Мајка.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
И извонредно добро ја сфатив потребата дека при донесување на важните животни одлуки не учествува само срцето, туку разумот и прагматичниот дух.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Оваа прагматична и дистанцирана историја како човековиот апсурд, излачува од страниците на книгите хумор, кој сите ги преплавува, нагласувајќи ги најтрагичните ситуации.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Светов кој не опкружува неповратно се променува, станува прагматичен и треба да сме добри математичари.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Културните разлики се огледуваат конкретно и прагматично во конвенциите на говорот и однесувањето што ги раководат личните интеракции во посебни општествени контексти.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ако прагматичната природа знаела секогаш да си отвори пат, догматичниот човек, пак, сака да си ги испланира грешките што очекува да ги направи.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Едната етапа на нивниот интерес беше како да изведат практичен и прагматичен исчекор од нивните книги и размисли за лавиринти во балканските состојби во животот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ласиќевиот Крлежа стана општествен конформист (во смисла на „хегеловската прагматичност“) затоа што престана да биде фанатик на бескомпромисната моралност со „димензија на библиски пророк“.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Глобалниот триумф на овие прагматични системи остава вакуум, еднаш веќе пополнет со сништата на алтернативните економии и политики, кој емоционалните барања за националност брзаат да го заземат.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Се залага за еден прагматичен, нееуфоричен пристап кон новите технологии.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Ние во Холандија сме многу прагматични луѓе.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)