преклопи (св.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Ќе ја закаса печурката, ќе ги заврти очите, и ќе почне да подзема со јазикот, да ги преклопува вилиците.
        
      
    
    
    
      „Пиреј“
         од Петре М. Андреевски 
        (1983)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Потоа ќе го преклопи стартерот и ракетата ќе зарига пламен.
        
      
    
    
    
      „Лек против меланхолија“
         од Реј Бредбери 
        (1994)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Мира се сврте и наеднаш ја преклопи устата со дланка.
        
      
    
    
    
      „Дружината Братско стебло“
         од Јован  Стрезовски 
        (1967)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Предметот е комплициран во техничка смисла, има многу преклопувања           меѓу термините; различни автори користат исти термини со различни значења;           литературата е напишана на три водечки јазици: германски, англиски и француски,           што уште повеќе го потенцира проблемот на преведување.
        
      
    
    
    
      „МАРГИНА бр. 22“
        
        (1995)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Рада не сакаше да верува во коинциденција, но предлогот на Ѓорѓе и нејзиното размислување идентично се преклопуваа.
        
      
    
    
    
      „Последната алка“
         од Стојан Арсиќ 
        (2013)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Се фати со двете раце за кусачката, па и неа ја принамести на ставата, размрдувајќи ги рамената по што, сметајќи се за спастрена и уредна, ја спушти левата рака на скутот и ја преклопи одозгора со дланката од десната рака.
        
      
    
    
    
      „Човекот во сина облека“
         од Мето Јовановски 
        (2011)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Го фрла палтото на столот и паѓа како пресечен на креветот. И изнеможено се преклопуваат клепките.
        
      
    
    
    
      „Пустина“
         од Ѓорѓи Абаџиев 
        (1961)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          - На сите војници им паѓаат забите, вели Јон, цела војска е без заби. Вилиците им се преклопени, вели, образите пропаднати.
        
      
    
    
    
      „Пиреј“
         од Петре М. Андреевски 
        (1983)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Во Иркутск е минус 40, на Флорида плус 30... Гргорат и се мешаат јазици, се преклопуваат насмеани и уплакани лица, живи и мртви, градови што настануваат и исчезнуваат, се мешаат географски точки, Амазон се влева во Црно Море, Волга во Атлантик...
        
      
    
    
    
      „МАРГИНА бр. 6-7“
        
        (1994)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          ЈАКОВ: (Преклопува рака преку рака) На твојата логика, на твојот разум, на твоите силогизми.
        
      
    
    
    
      „Одбрани драми“
         од Горан Стефановски 
        (2008)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Сите ние што во тој момент бевме во The Kitchen и го избравме стоењето во ред во очекување           на ‘театарскиот миг’ кога на местото каде што е цервиксот името на уметноста ќе се поклопи со името           на порнографијата, го доживеавме тоа преклопување на сцената на телото на проститутката.
        
      
    
    
    
      „МАРГИНА бр. 37“
        
        (1997)