прекршок м.

прекршок (м.)

Ако постапката за посредување не успее, Комисијата го известува инспекторот за труд, за овој да поднесе барање за поведување прекршочна постапка пред прекршочниот орган.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Спорот се состоеше во тоа, дека ние петмината соработници тврдевме дека задачата не ни била воопшто пренесена бидејќи се загубила негде во плиткото сеќавање на одговорниот уредник, а тој ја критикуваше нашата неодговорност, дека како поединци смислено го уриваме неговиот авторитет и правиме такви прекршоци што ја компромитираат неговата способност и одговорност на раководител.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Имено, кога сторителот на прекршокот е согласен за поведување на ваква постапка, трудовиот инспектор составува записник и издава платен налог за плаќање на изречената глоба.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
2. Прекршочна одговорност Од гледна точка на работодавачите, првите промени во материјата на работните односи значеа подобрување и во поглед на ригорозноста на казнените одредби.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
И уште нѐ посоветуваа да возиме внимателно, зашто казните за било каков сообраќаен прекршок се многу високи.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Прекршочните одредби од овој закон нормираат дека глобите за прекршителите на Законот ќе се движат од 400 до 1.000 евра во денарска противвредност, во зависност од повредата и органот, односно лицето кое ја извршило повредата.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Забраната за вршење на работа, доколку работодавачот не ја плати глобата (во предвидениот рок) или не заснова работен однос со затечените лица, се намали од 60 на 15 дена, а за ваквото противправно поведение инспекторот на трудот поднесува барање за поведување на прекршочна постапка.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Не само секој вистински прекршок, туку и секоја ексцентричност, колку и да е мала, секоја промена на навиките, секоја нервозна особеност која би можела да биде симптом на некаква внатрешна борба, непогрешливо се открива.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Имено, барањата за издавање на работни дозволи за странец, поднесени од работодавачи основани во Република Македонија ќе се одбијат ако: а) шест месеца пред поднесување на барањето за работна дозвола за странец, работодавачот ги отпуштил работниците вработени на неопределено време; б) работодавачот одбил да вработи невработено лице упатено од Агенцијата за вработување кое ги исполнувало бараните услови; в) во рок од три години пред поднесувањето на барањето за издавање на работна дозвола на работодавачот, му била изречена прекршочна санкција за сторен прекршок на одредбите на овој и друг закон, за незаконска работа или незаконско вработување; г) работодавачот покажал негативни резултати во работењето за претходната година, ако платите исплатени на неговите вработени биле под нивото утврдено со соодветниот грански колективен договор, ако ја прекршил законската регулатива за работните односи или ако не ги намирил своите обврски за даноци и придонеси (чл. 7).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Прекршочната постапка, пред прекршочниот орган, ја води Комисијата за одлучување по прекршок (т.н. Прекршочна комисија) – чие формирање и работа беше регулирано со новиот чл. 266-б (чл. 11, ЗИДЗРО/дек.08).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Судот може да определи прекин на постапката кога одлуката за тужбеното барање зависи од тоа дали е сторен прекршок или кривично дело за кое се гони по службена должност, кој е сторителот и дали е тој одговорен, а особено кога ќе се појави сомневање дека сведокот или вештакот дал лажен исказ или дека исправата употребена како доказ е лажна (чл. 201, ст.2 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во Решението се наведува неиздржано образложение дека Марковски, кој побарал писмена информација за причините за неисплата на хранарина  ги злоупотребил и пречекорил овластувањата регулирани во Колективниот договор за уредување на правата и обврските на работниците во МЗТ „Пумпи“ АД Скопје3 и дека сторил тежок прекршок на работниот ред и дисциплина поради тоа што, во директорската канцеларија, изјавил дека работниците ќе штрајкуваат доколку не им бидат исплатени заостанатите плати.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во секој случај, да си дозволиш несоодветен израз на лицето ( да изгледаш како да не веруваш кога се објавува некоја победа, на пример ) беше само по себе прекршок што се казнува.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На ова реагираше и самиот судија и на тужениот работодавач му предочи дека „недоставувањето на писмено соопштение за отказ е прекршок кој се казнува со закон“.6 Исто така, на ова рочиште, од страна на судијата беа одбиени и некои други предложени, а неиздржани „докази“7 – како што се некои извештаи за работа, прегледи и сл.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
4 Работната атмосфера, особено по доаѓањето на новите газди и смената на дотогашната сопственичка структура, почна забрзано и значително да се „вжештува“: беше поставена нова директорка која ги тераше вработените да работат и за викенди, без да бидат 218 соодветно платени за тоа; се работеше и по цели денови – од 7 часот наутро до 21 часот навечер, под образложение дека на вработените „им фалеле работни саати“ за да ја остварат предвидената норма; перманентно некој од вработените работеше и на празници – без за тоа да добие надоместок [дневница] или, пак, слободен ден; а беше вршен и перманентен мобинг врз работниците – преку разни средства на вознемирување (на пример, тие беа тенденциозно казнувани за измислени „прекршоци“ и дисциплински повреди; често, при пописот на лековите, беа лажно обвинувани дека имаат наводен кусок, односно „минус“ во касата – дури и по неколку илјади денари, а којшто потоа требаше да го надокнадат од свој џеб; беа терани солидарно да учествуваат во плаќањето на сметката за фиксен телефон кој го користеа исклучиво за службена комуникација и сл.).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
6.  Глоба во износ од 15.000 ЕУР во денарска противвредност ќе му се изрече за сторен прекршок на работодавач- правно лице; а на директорот, односно друго одговорно лице кај работодавачот ќе му се изрече глоба од 7.000 ЕУР – ако откажувањето на договорот за вработување е извршено спротивно на овој закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Оливера Срезоска особено на него се навраќаше, друг некој да направеше прекршок а таа нему му се развикуваше: - Зошто се нишаш кога одиш? или: - Не мавтај со рацете, оди мирно! или пак: - Што си ја кренал главата толку високо!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Но, само по само три месеци примена, со втората измена на ЗРО (2005), овој член беше изменет, при што за сторените прекршоци за кои одговара работодавачот, прекршочна постапка води и санкција изрекува органот на државната управа надлежен за работите од областа на трудот (т.н. Прекршочен орган).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Почнувајќи од 01.02.2015 год. надлежност за решавање по жалби против решенија донесени во прв степен во инспекциска постапка има Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, Сл. весник на РМ, 130/14. 38 48 до денес, беа и промените во периодот на нашата анализа, каде дојде до значителни и суштински промени како во висината на казните, така и за поведенијата за кои тие беа пропишани, а кои соодветно ќе ги разработиме. a) кај чл. 264, под кој се подведени оние поведенија кои се сметаат за „потешки“ прекршувања на правата на работникот дојде до интервенција, како во висината на предвидените казни (глоби), така и за основите по кои овие казни се пропишуваа: ● дојде до драстично намалување на глобите за повеќе од половина од претходно утврдените износи, како за работодавачите – правни лица и за нивните одговорни лица, така и за работодавачите - физички лица.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Уште еден прекршок, овој пат дисциплински. Млади луѓе, луди глави.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Повеќе