препев (м.)
Во мене го селам
на душите препевот
на претците гревот
и кога те напуштам
и кога те очекувам
како мугра лелекам
и не преболувам
само меѓу луѓето
да ме распознаваш...
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Од Грците понижен, исмеан од бугарскиот литературен круг, прогласен јавно и тајно за неспособен поет без вредност, иако како него немало друг, препев на Сердарот и Скендер - бег започнува со ревност.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Зигмунд знаеше колку Сара ја сака поезијата, и при една посета ѝ донесе тукушто објавен препев на песни од Адам Мицкиевич.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)