преспие (св.)
Ајде да направиме летен театар од песокливи кули и сонливи дилижанси и бакнежи од шаторски преспивања Ајде да направиме летен театар со карневалски маски со скришни сказни со ружи и ѕвона што ќе ечат крај езерото.
„Чекајќи го ангелот“
од Милчо Мисоски
(1991)
Ама не оди тоа така зашто „цуцата“ за инает ќе пробува додека трките не завршат и, на крајот, ќе сака еден ден да преспие за да ѝ легнат впечатоците.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
- Ќе преспиеме, па ќе видиме! - рече доктор Коста, свесен дека секакво донесување заклучоци во ова време може да биде пребрзано.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Бојана накратко му објасни на домаќинот, гардискиот ветеран со долга бела коса и брада дека мора да преспијат во неговата куќа и дека гардата им е зад петици.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Што е најважно, се разбуди со чувство не само дека се наспал туку и дека се преспал и со копнеж што поскоро да излезе од постелата.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Под сенките на густиот врбјак го поминавме денот и ноќта, по полна месечина ја преминавме границата и стигнавме во Медово каде ја преспавме ноќта.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Таа вечер преспавме таму и утрото нѐ разбудија и нѐ однесоа на станица. Тогаш првпат видовме воз!
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Сакаше Ластовицата мирно да ја преспие ноќта на неговиот брод, никој да не ја вознемирува.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Инстиктот на будење со труба и нејзиното отсуство му овозможи речиси да преспие половина од денот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Таа ноќ не ја преспав мирно.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Тие дни му даваа само леб и вода, но Толета повеќе го истошти бессоницата, оти немаше каде да се испружи да преспие.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Патувале со три натоварени маски и кога ги стемнило, легнале да преспијат на раб од мочуриште. Таму ги стасала клетвата на девојките.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Отидов да преспијам кај дада. И нејзе ѝ раскажав сѐ.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Мечката Мирна три години го преспиваше зимскиот сон во една пештера.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Кога поручаа, Горда стана да си оди, но железничарот ја предупреди дека го испратил последниот патнички воз за дента, а жената ја кандисуваше да преспие кај нив, додека најпосле не изнајдоа дека токму сега поминува шинобус за кој треба да се доплати, па Горда набрзина се испрати со нив, го бакна детето во сон и истрча да го стаса писокот што наидуваше од блискиот свиок.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Семожни мисли ме обземаа, ме мачеа во трошките сон што ми преостанаа, ако не знаев дека сум ги преспал.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
А беше токму пладне, кога сите се одмараат преспивајќи.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Во таа збрлавеност се случуваа и грешки; се случуваше - по грешка некој од мажите да преспие кај туѓа жена, а некоја жена кај некој туѓ маж; се случуваше да се родат копилиња, да зашета некоја жена со искасани образи, но луѓето во тие мигови - сѐ си простуваа.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Но гневот во мене растеше, и некое чудно чувство дека сум употребен ме опседна: ме опседна чувство дека не било толку тешко да се дојде до Луција, дека таа ова истото го правела под маската на недопирливата Луција, и јас решив да се одмаздам на најглупавиот можен начин, на начин на кој може да се одмазди само млад маж кој не преспал со жена; во моментот кога требаше да бидам во Луција, јас ѝ го ускратив тоа задоволство; таа мижеше и чекаше, но ништо не се случуваше.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Додека Ѓорѓе го преспиваше денот, Рада мораше да ги пречекува и двори новите гости кои доаѓаа на честитање.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)