примитивец м.

примитивец (м.)

Модерните примитивци се застапници на предхристијанските идеи за истражување на духовноста низ телото, коешто е единствен пат за стварно искуство во една медиски потполно загадена стварност.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тие работи се мошне вознемирувачки и се случуваат во истото време кога и модерните примитивци, како бунтовничко движење, се во потрага по нов идентитет.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
За разлика од движењето на „модерните примитивци“ во коешто главно машките членови преку радикални и нелогични гестови со кои го модифицираат сопственото тело (тетовирање, прободување, саморанување) укажуваат на телото како на последно прибежиште во коешто единката сѐ уште има моќ, тн. „женски“ перформанс, во анализите на феминистичката критика, ја користи присутноста на женското тело со кое манипулира жената- автор (досегашниот објект станува субјект) за да ги преиспита односите на моќ во репрезентацијата на женската сексуалност, разоткривајќи ги симболичките основи врз коишто почива начинот на гледање во „машкиот“ свет.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Додека уметниците концептуалисти од седумдесеттите прашањето за улогата на телото радикално го доведуваа во прашање со постапки како што се ползење по скршено стакло долж главната авенија на Вашингтон - станува збор за хепенингот на речиси голиот Крис Бардон, или пак неговото прострелување на раката со огнено оружје во една галерија, модерните примитивци најнапред практикуваат обредни техники од ритуалите на тн. примитивни, со политика и религија неидеологизирани општества и култури.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
На моменти, кога беше сигурен дека никој од присутните нема да го искодоши ја озборувше гардата како збир на примитивци и силеџии, но кога требаше Влатче, како што го викаа нагалено знаеше дискретно и шарматно да се пофали со своето гардиско искуство.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Во таа смисла на жените не им се потребни шокантни трансгресивни постапки со коишто „модерните примитивци“ ги изразуваат своите примарни пориви, бидејќи експлицитното женско тело на сцената веќе самото по себе е трансгресивно.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Модерните примитивци како да се обидуваат да докажат дека стварноста постои, дури и ако не е медиски посредувана.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Јас ве лажам. Татко ми никогаш не рекол за вас дека сте „примитивец”. Напротив.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Овие заостанати примитивци можат да се најдат на островите Фиџи, на Тахити, во Нова Гвинеја, во Виена, Париз, Рим и Њујорк - секаде каде што има луѓе.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Врежување, прободување, саморанување и исцрпување на телото во секаква форма го прават основниот репертоар на постапки со коишто овој модерен примитивец од Лос Ангелос се служи во своите театарски остварувања.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но тој, натрапникот, во очите на велеграѓаните останува непоправлив примитивец, недоучен провинцијалец кој на темни костуми со кравата навлекува бели чорапи претворајќи се себеси во припадник на племето white socks, како што го прекрстува метрополскиот сленг.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Па добро. Рече дека сте „балкански примитивец”. (Пауза) Молчите?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)