припаѓа несв.

припаѓа (несв.)

Но луѓето паметат колку сите наши соседи се единствени дека нема македонски народ и колку не се единствени — чиј е тој народ, кому му припаѓа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оваа шанса за работа за неа беше повеќе како забава, бидејќи многу го сакаше модниот занает и светот на кој тој занает припаѓаше: боите, новите форми на моделите, текстурите на штофовите, деталите на чевлите, накитот, украсите во косата, движењата на манекените, атмосфера на припремата, изненадувањата кои се случуваа на секоја ревија, динамиката на работата која во себе носи големи тензии но со тоа и нови плодови на креацијата.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
- Се разбира, се разбира, - одговараше насмевот меѓу румените јаболчиња – Го гледам светот, а и тој нека ме види, да знае дека јас сум единствената на која и припаѓаш.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Таа прва ги откри оние наслаги во мене што обично му припаѓаат на сортата копилиња кои деновиве сноват по корзото и по кејот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Одовде ќе се убеди човек оти центарот и најголемата улога во таа империја ѝ припаѓаше на Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тие си дадоа отчет од улогата на Србија во македонското прашање досега и за иднина, затоа и ним им припаѓа честа да се создавачи на националниот сепаратизам сред Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Протагонистите се приврзани на низа својствени вредности на еден клан („Сѐ додека нашиот татко беше уште во живот, семејството за нас беше истовремено и држава, и нација, и вера.”) ѝ припаѓаат на идеологијата која го одржуваше култот на една неверојатна монструозна хипостаза на божеството: Сталин.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Не е извинение за бугарскиот народ и тоа што недостојните дипломати ѝ припаѓаат на оваа или на онаа партија и кнезот се ползува со повикувањето на власт, по лични наоѓања, ту една ту друга партија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Мајка го споделуваше Татковиот култ кон книгите уште кога се омажи за него, ама сега некој за прв пат ѝ подаруваше книга, и тоа необична книга која ќе ѝ припаѓа само нејзе.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Стоеше на тој раб помеѓу свесното и несвесното, таа припаѓаше во исто време и на длабокиот спокоен сон и на околниот надворешен свет во момент кога спиеше, одеше по работ, на тенкиот хоризонт на нејзините очи и чуваше стража на самата себе!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Во Партијата сите носеа маски, играа ролји кои не им припаѓаат, и во трансот на поистоветувањето на она што се со она што не се, се соживуваа со маската и ролјата што ја играа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во него владеел чист, исклучително достоинствен морал и тој формулирал голем дел од десетте заповеди, и тоа во време кога народите кои ѝ припаѓаат на денешната цивилизација, сѐ уште им принесуваа човечки жртви на крволочните идоли.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Се наредува случајот претходно да биде испитан: ако старата црква навистина му припаѓала на споменатиот милет, ако во сето тоа не учествуваат и други милети, ако не се наоѓа во исламско маало или атар, ако земјата не е во состав на некој вакаф, и ако за ѕидањето нема никакви други пречки и ако молителите ги обезбедат потребните пари за ѕидање под услов да не бидат надминати споменатите димензии, да не се пречи ѕидањето на споменатата црква, туку да се задоволи молбата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Како што можете да претпоставите, со семејството припаѓаше, фала му на Севишниот, на старата, сефардска, не на новава синагога на „Космајска” улица во која одат мондените и доселените Ашкенази.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Но таму само ни кажаа дека сме целосно рехабилитирани и дека не е докажано оти сме припаѓале на некоја организација што се бори против Советскиот Сојуз.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Средствата собрани од продажбата на материјалите ќе бидат наменети во добротворни цели, како за реформи, реформирање и расформирање на многумина што ќе бидат фатени таму каде што не припаѓаат, односно како работат на наталитетот со заштита, што е најстрого забрането, или се работат и го потпомагаат наталитетот во општина во која фактички не живеат и не гласаат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Им припаѓаа на старите времиња од пред Револуцијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И тој гест му припаѓаше на старото време.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Можеби токму сознанието дека можеби и јас му припаѓам на сојот на невидливите се почувствував послободен.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се сетив на мудроста за која и не знаев на кого му припаѓа иако ја имав веќе забележано во моите белешки. Тоа што го прави нечистивиот не прави го и ти!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Повеќе