пристапен (прид.)
Тополчани си има убава местоположба, блиску е и до железничката линија и до џадето, и сосема, сосема е пристапно и пеша и со запрежни и со моторни возила.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Надлежните од ЈП Дрисла велат дека причината за ова е инцидентот: едно од возилата на ЈП Комунална хигиена излетало од пристапниот пат што води до манипулативното дело во депонијата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Овој ги фати сите пристапни места кон селата и Толе уште на втората вечер нагази на пусија крај бачилото Манчевско во Бешишкото поле.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Освен тоа, овој музеј има проблеми и со пристапноста.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Селската стража веќе ги фати пристапните места кон селото.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Така се најдовме на патот кон Касандра (во која, впрочем, не можевме да влеземе, бидејќи тој ден ја раскопуваа пристапната улица).
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Две години по поразот кај Јена, 1808, повикан да го даде своето мислење за една збирка на најдобра германска поезија која би била пристапна за германскиот народ, на молителите тој им даде само еден совет: во својата антологија да ги вклучат и германските преводи на странските поети.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Пикасо е лесно пристапен сликар.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)