пропратен прид.

пропратен (прид.)

Како што беше вистина и онаа пролетна утрина, додека на горниот крај на селото се собираше тајфата печалбари пред заминување, а тука беа и тапаните, веднаш тука, на ледината крај патот и младичите го играа Тешкото околу нив, а тој беше со татка си скраја и мајка му молчеше крај нив со црвени очи; тој беше накитен со низалки костени, јаболка и по неколку ореи, првопратено, додека мајка му му шепнуваше „Змејко сине“, а тој можеше да види како му се стегаат на татка му вилиците и како сите мускули набабруваат и се скаменуваат под поцрнетата кожа на неговото лице, исто онака, како кога беше многу лут татко му, но Змејко сега можеше добро да знае дека тоа не е од никаква лутина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во оваа радио станица, во која имаше сѐ на сѐ околу 15-тина вработени – според систематизацијата на работните места тој, барем формално, ја извршуваше функцијата монтажер на звук, иако пропратно беше распределуван и на други работни задачи – првенствено како новинар и водител на снимени емисии, прилози и реклами, како и програма во живо.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во близината на едно мало село беше лоцирано училиштето Деерфиелд со сите пропратни објекти, куќите каде што живееја учениците, куќите на професорите, спортските објекти, многу зеленило и дрвја, а во близината на училиштето течеше река.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
На пример кревањето на споменик на доживотниот претседател на СФРЈ Јосип Броз-Тито во Битола и пропратни глупости од типот на организирање на штафети.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
А нејзината нескротливост како травада, оној нескротлив променлив ветар, пропратен со секање и грмотевици ги плашеше злите духови.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Се раѓа, расте, се одржува, создава пропратни производи, слабее и умира, сè додека не стане невозможно да го одржува материјалното тело.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)