простран (прид.)
Постоеја пространи простории во кои се складираа исправените документи и скриените печки во кои беа уништувани оригиналните примероци.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Стана плен на лакомост и гордост на твојата икона, лажниот светец суетата вешто го зароби духот исто како непрогледан слепец Стадото на лукавиот сѐ повеќе расте и неговиот пат е простран и широк а животот страстен кога ќе спласне ќе тонеш во мракот духовно сирот
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Куќата беше на два спрата со големи пространи соби и чисти подови од даски.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Беше тихо и пространо, сонцето грееше а далеку над Огражден се гонеа по прозрачното небо јата бели пувкави облаци. – Кај се губиш, Белич? – го наруши Мече прв молчењето. – Те барам толку време, а тебе никаде те нема.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Среде овие градби се ширеше пространиот плоштад, можеби единствен со ваква големина на Балканот, со излези кон Камениот мост и главната улица што завршуваше пред Железничката станица.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Одвај има потреба да се каже дека најсуптилни применувачи на двомислата се токму оние кои ја измислија и кои знаат дека таа е еден простран систем на ментално мамење.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тој полека ја внесува во пространата соба.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Така, нѐ седна во една од собите каде што иако доста пространа и чиста, имаше само два старовремски каучи.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Беше тоа еден простран, светол сон, во кој целиот негов живот како да се протегаше пред него, како пејзаж во летно попладне по дожд.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Наспроти беа пространите штали во кои некогаш фрчеле штаерски коњи. Овој пат зјаеја празни.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Кога ќе се стигне на најгорното од тие скалила, се свртува лево, преку простран ходник се влегува во широка и длабока, сала, богато наситена со виделина.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Простран, со водоскок, во самиот центар, на чии оснежени фигури наседнале младичи и девојки, фрлајќи топки од снег, обиколен со монументални објекти - старата зграда на општината, градена во минатиот век, достоинствена, со голем градски часовник, со две цркви, кои се реновираат, а во дното се златее големата и монументална „Палата на Републиката“, во која само во еден нејзин дел е Претседателството на ДР Германија, а сѐ друго во овој огромен комплекс служи за обичниот граѓанин - за негова разонода, пред сѐ за младината.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Треба гледалиштето да се смали, а просторот за игра да стане голем и простран, со опрема за ТВ преноси за оние кои повеќе сакаат да останат дома.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Сиот град беше поканет на карневалската ноќ во Гнездо, и пространиот парк беше претесен да ги прими сите кои сакаа да дојдат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Моторите веќе бучат. По малку авионот се крева во пространото небо. Мими е
уморна од патот.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
И видов дека сѐ што се кажуваше за одајата во описот од ливчињата на отец Мида, верно било, оти видов: одаја пространа, темна сосем, со среде на неа, што среде на светот беше.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Компирите се домашно производство на дедо Ивана, кој ја садеше секоја година со нив својата пространа бавча, - тие се еден вид основен продукт на народното стопанство на неговото подрачје.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Еден километар подалеку, Министерството на вистината, неговото работно место, се креваше високо пространо и бело, над невеселиот пејзаж.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Во секој случај, секоја од трите супер-држави е толку пространа што може да си обезбеди и доволно материјали што ѝ се потребни во сопствените граници.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Еднаш, во долните катови, во големите и пространи ходници, сретнав една поголема група млади бремени жени кои некаде брзаа.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)