прототип (м.)
Компаративното изучување на разните стари алфабетски системи на писмо ја реконструира типологијата на настанокот на писмото и дава општа слика на процесот на создавањето на алфабетскиот систем на писмо врз основа на систем на писмо- прототип, што е земен за пример и што служи како модел за новосоздаденото писмо.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Во принцип, ваквата дејност претставува фонетско- фонемска анализа на јазикот, која се спроведува врз основа на споредбата на фонетската страна на јазикот со фонетски единици, кои во определен редослед се претставени во системот на писмото- прототип. Маргина 37 85
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Набавувајќи прототипови на магнетофон и полароид, Ворхол беше неуморен во нивното користење.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Како и грчкиот прототип, така и готскиот алфабет содржи 27 букви со веќе напомената бројна вредност, при што последниот 27-ми симбол на готската алфабетска низа, кому во грчкиот му одговара еписемонот сампи, се употребува само во својата бројна вредност 900.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
За прототип во создавањето на готскиот алфабет е земено грчкото унцијално писмо, што неспорно се покажува во нацртот на готските букви и во суштествено грчкиот распоред на знаците во алфабетот.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Ваквата распределба на дополнителните знаци во ерменскиот систем на писмо повлекува целосно нарушување на системот од бројни вредности на графемите, карактеристичен за грчкиот прототип. 94 okno.mk
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Во тој поглед, ерменското писмо делумно потсетува на готскиот алфабет, кој е ограничен со рамките на грчкиот прототип.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Така, со употребата на грчкиот алфабет како прототип за создавање на готски систем на писмото, Вулфила не ги отстранува знаците кои ги прикажуваат типично грчките фонеми, туку на соодветни места истите ги заменува со знаци со типично готска фонетска вредност.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Може да се претпостави влијание на други графички примери, претежно од Истокот, во оној дел од глаголичката низа што влегува во дополнителниот дел од алфабетот и нема свој грчки прототип.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Тоа е прототип, интелигентен софтвер, што ќе му биде достапен на малиот човек.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)