процеди (св.)
— Бак, бак, бак, шејтан — ѓелин1, — процеди тој преку двата предни заба.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- Се сложувам, - реков, а потоа процедив.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Тебе те создале разгалените господа! - процедува низ стиснати заби тој.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Процеди низ заби: - Бугарска. Така и мислев.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Ноќе и дење, постојано под чешмата имало садови и многу пијавици. Воопшто не смеевме да пиеме без да ја процедиме.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
– Каде ги дадовте козите! – продолжи шефот, додека неговите придружници веќе пребаруваа во дворот, во куќата. – Таму, таму ги дадовме! – процеди мајка ми покажувајќи кон паркот... – Каде таму... подобро кому?
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Мајка ми влезе во кујната и кога ме виде со телефонската слушалка во рака што јас од возбуда заборавив да ја спуштам, очите од лутина ѝ светнаа: - За ова би требало да бидеш казнет, - процеди бесно, - ама, сега нема време за тоа.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
— А на кого ќе го оставиме народов? — со тага процеди преку заби Сугарев, на кого му се придружи Џеров.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
- Ах, така! - процеди татенцето, го грабна она дрво и нем од лутина се упати кон Кејтеновиот син.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
И со една блажена насмевка процеди преку заби: — Море ми, какво е тоа кучило волку шо ме шмачи, сестрице Митро, дете или чупе — чумата да го вркне?!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
– На Чанга му ги оставивте? – Да ,на Чанга ? – одговори тивко мајка ми. – На Чанга, на Чанга... сите му ги дале козите на тој проклет прч Чанга... – процеди низ заби нервозно шефот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Постоја неколку мига и процеди: - Хм. Ти, ѓаволче мало... Ти ...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Утре ли треба да му дадеш одговор на валијата?“ „Утре“, процеди Марко.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
- Стаса? - Е, стасав, де! - Па нели ќе дојдеше подоцна, пред вечера? - неволно процеди товарената домаќинка.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
„Имам и гаваз со мене“, без волја процеди Марко, засрамен од заканата.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
- Ги читаш ли книгите? - ме праша. - Да, - процедив.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Тој едвај процедува: „Не...“ Таа ги крева веѓите: „Не? Живот...“ испушта пошумно воздух како да издивнува.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)