радар (м.)
Не поднесувам такви облици и, секако, веднаш го активирам реактивниот радар .
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Еден ден поставија прислушни уреди, антени, радари, детектори, рефлектори, наслушувачи, ѕиркачи, чекачи не би ли нашле дира и алира од уривачот, но него никако и никаде да го откријат.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Минува покрај радарот без проблем (нема ништо метално, ниту ситна паричка во џебовите).
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Скратениците можат целосно да се осамостојат како именки, и тогаш престануваат да се сфаќаат и да се третираат како скратеници. • Ако се имиња, се пишуваат само со почетна голема буква: Бенелукс, Гестапо, Интерпол и др. • Најчесто се осамостојуваат скратениците што се општи именки: сида, ласер, радар, веце, цеде, уесбе и др. • Со оглед дека една од карактеристиките на скратениците е нивната неменливост, наметнатата потреба за нивно формоизменување значи дека тие престанале да се сфаќаат како скратеници, односно стекнале статус на општи именки или имиња.
„Правопис на македонскиот јазик“
од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје
(2017)