разбега св.

разбега (св.)

Скудоумието се разбега далеку од мене... ...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Околу колата и околу нив дотрчале многу бугарски војници и офицери, но и тие, кога ја виделе бомбата и кога дознале дека не е експлодирана, пцуејќи ги Ѓорета и мајка му и нарекувајќи ги Мрсници се разбегале на сите страни.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од големиот стог се стркала сонцето на пат и уплашено од кучињата се разбега низ тесните сокаци криејќи се зад малите прозорци на куќите Триејќи ги очите селаните ги врзуваат немирните кучиња за плот И свирејќи, со косите на рамо се разлеваат со сонцето по ливадите.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Храбро ќе минува крај разбеганите и разнебитени италијански војници за време нивната капитулација истата година.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Нешто се влечкаше по земја и сите шумови брзаа да стивнат и да се разбегаат од страшното дишење на пустината.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
3. Откако се тргна и Толе со своите другари од позицијата во гробиштата и се разбегаа востаниците, јузбашијата и мудурот наредија да се блокира селото и сите селани да се дотераат пред конакот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
II Прво се изјазив како во детските игри малку игнеиплик и малку ушка високо да ја гушкам но снагата ми се претвори во сатар и секира што трчаат по стеблото разбегано по полјаната.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Не се разбегале и не легнале кој каде ќе можел да ја засолни главата, измршавени и изветвени, со ненадејно чувство на папсаност, а Васко Тушев, забест божем под подотворените усни држи парче пресен кромид, се веднел над својот баџанак, нем и сув, додека од карпите се разнесувал гласот на оној што стрелал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Поп Стерјо стави прст на усните. Разбравме дека за тоа не се зборува, туку само се молчи и со молкот треба да се памети.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Другарчињата на Клои се разбегаа низ училишниот двор и продолжија со своите палави игри.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
не му текнува ништо, него стрелајте го, вели тој, големиот, со едно кило петлици на алиштата, него стрелајте го, а селово запалете го, и војниците го грабнаа, го залепија на ѕитчето од црквата и се даде команда ״оган“ и старшијата се свлечка покрај ѕидот, се истиша како и гајдата што заборави да ја испушти од раце и може да е уште таму, оти ние после се разбегавме, тие фрлаат пушки, а ние бегаме, кој нагоре, кон напреку, и после, ене што направија од селото, може да е ова судниот ден, судниот час, вели Николе Валавичарот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во тоа време јузбашијата им ја пренесе на аскерот наредбата за ќотекот и овој ги грабна пушките за цевки и се втури во купчето народ, та почна немилосрдно да мава каде што ќе му се згодеше. Со плач и пискотници се разбегаа жени, деца, луѓе и на сретселото останаа само тепаните.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Табурот на бежињата се разби и се разбега.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Средбата, се разбира, беше срдечна, само што војводата не остана задоволен од тоа што се разбега народот и што не го дочека свечено.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Пукањето ти станува обично како лаењето на кучињата, како течењето на водата... И таму, во ливадата, го наоѓам Ангелета, ангелот мој златен, со потсечени крилја. Децата се разбегале, ама Ангеле мој не добегал.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Одненадеж потемне небото од чад што штипеше во очите, во грлото и што го вознемири дибитокот како спроти потоп та скокајќи, рикајќи се разбега низ полето.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Еј, разбегајте се отука! Вие мршојади проклети, оти сега удрив во дното, па можам да ве прескокнам и надскокнам!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Понекогаш само торбарите го нарушуваат спокојното движење, кога со полни бовчи чорапи, врски или комбинезони, ќе се разбегаат откако по некој таен сигнал ќе дознаат дека се ближи полицијата, која забранува торбарење без дозвола...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Чудните и неразбирливи знаци оставени од „староседелците“, како што ги нарековме лудите, што пред нас биле тука сместени (едно печеснаесет, сигурно последните, другите се разбегале веднаш по војната, се вратиле во нормалниот живот), - проклет да бидам, тие знаци раѓаа страв во коските.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Многу стока и жито се собраа од селото, некои од луѓето се разбегаа по удолните кории во шумата...го однесоа и Јанета, тригодишното синче на соседите... како јаничар: - Еве едно убаво мало! - викаше главниот. - Земете го!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Повеќе