распламти (св.)
Прво слушна силно, непрекинливо кашлање, потоа го виде дедо Иван како седи крај распламтеното огниште и се труди да ја смири кашлицата.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Ова беше време да распламти и тивката битка која се водеше меѓу душите на турската баба и албанскиот дедо, да се замине навреме или да се остане засекогаш и да се пречекаат различните војски спротивставени на двете страни од границите.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Те сакам татковино,таква каква што си, со сета убост и твоите маани, и сите догорчиња во срцето збрани распламтеа силно и ко да ми зборат...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Сувите дрва, штиците и черчевињата се запалија и веќе пламенот изби и до самиот врв; потоа се распламте до небо.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
И кога се распламтеа сите запалени сосови, тој виде како се отвара вратата од кулата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
За жал, настаните во кои ќе распламтат огновите на личната болка, најбавно ги покрива пепелта на заборавот.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Понекогаш се обидував да ја разгатнам омразата на мојата мајка, јас, која бев можеби нешто како дупка во која може да се фрли сопственото црнило, и помислував дека таа во мене го мразеше мојот татко, својот стар сопруг, постар и од нејзиниот татко, можеби со омразата кон мене го гаснеше својот копнеж да има маж на своја возраст уште пред тој копнеж да се распламти, можеби ме мразеше не самата таа туку онаа нејзина дамнешна болка, родена од присилата предвреме да ги прекине своите девојчински мечтаења, и да му се повинува молчејќум на стариот сопруг, да живее во сиромаштија и во таа беда да раѓа и израснува деца.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
На ѕидот наслика огниште како камин, божем изѕидано со византиски тули како сводовите на старите цркви, во огништето верушка со котле, а под него распламтена жар од дабова пенушка, очите да ти светнат ако не прстите да ти се стоплат.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Кога жестокиот алкохол го распламти огнот на омразата во него, Даниел се виде во стаклото, што беше ставено помеѓу полиците наредени за шишиња.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Се тргнав од вратата. Кога ќе ви ја распламтат суетата не сте во состојба да одредувате дали сте засрамени или само повредени.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)