расположува несв.

расположува (несв.)

Уште повеќе се расположувам, толку многу што дури сум спремна да не правам проблем ако татко ми и брат ми изразат желба да останат со нас во дневната соба. Ама, не се случува така.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Трча по рововите, копа со шепите, ги гледа со накривена глава и со прашалнички израз во очите н кога никој не му прозборува, налутено лае. Внесува смеа, ги расположува.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И утврдив дека доцнењето посебно те расположува.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)